Каков требаше да биде светот по мојата замисла?

Луѓето зборуваа, многу често, понекогаш и кога немаа што да кажат. Во тие разговори имаше многу лага, малку вистина, многу фалба, малку докази, многу желби, малку стремеж да се остварат соништата. Еден непрестанат циклус на среќа и тага, едно вечно жалење за подобар живот.

kakov-trebase-da-bide-svetot-po-mojata-zamisla-01.jpg

Јас од друга страна, кога светот ќе почнеше со преувеличување, како сите бродови да потонале, се затворав во мојата соба, често знаев да пуштам гласна музика, некоја акустична песна и да ги изговарам стиховите преправајќи се дека се е во ред. Тоа го научив уште од малечок.

Солзите ги лечев со песна, секогаш кога ќе слушнев кавга или ќе се исплашев од темнината во светот, лежев на ладниот чаршав покриен со омиленото ќебе изговарајќи ги стиховите. Ги знаев сите песни и како што една мила личност знаеше да каже, „кој пее, зло не мисли”, јас на тој начин ја истиснував злобата од мене.

Во таквото исклучување од реалноста, знаев да размислувам за сите зборови, злобни и намерни или искрено-ненамерни, за сè она што се случуваше околу мене. Знаев да ги избројам сите неуспеси, сите моменти за кои сум жалел, сите неискористени прилики и сите тие пропуштени возови кон некаде.

Да бидам искрен, никогаш не барав многу од животот. Искрени очи кои ќе се будат секое утро до мене, една насмевка предизвикана од мојот скокот, покрив на главата и многу дечиња со кои ќе шкртаме заедно по ѕидовите на нашиот прекрасен дом.

Се прашував што сè треба личноста да направи за да го добие она што е потребно. Дали треба да се следат чекорите на религиозните книги и нивните правила, за небесната сила да те допре и да доживееш она што никој не доживеал или едноставно требаше да бидеш доволно лош и безмилосно да се стремиш да го добиеш она што го заслужуваш?

Ги затворав очите и пробував да го сфатам значењето, се прашував што ако некаде некогаш сум погрешил. Дали ќе има опција за друг живот. Дали се тоа грешки кои се поправаат или се непорвратно изгубени работи кои никогаш нема да се надокнадат.

Ме мачеше мислата дека можеби другите живеат правилно, а јас сум го погрешил патот кон крајната цел. Можеби требаше да ја поседувам злобата за да бидам личност како сите останати.

Кога ќе завршеше тонот од последната жица на гитарата во песната, ги затворав очите. Знаев да кажам молитва или две за подобро утре, знаев да се погрижам да посакам добро за сите оние кои ме сакаат повеќе или сите оние кои ме сакаат помалку.

Од сè срце се надевав дека еден ден ќе се постигне таа заемна љубов и ќе се отстрани тензијата која владееше наоколу. Посакував сите лаги да ја најдат својата вистина, сите болки својот лек, целата тага, среќата која ја заслужува, а секој човек еден прекрасен живот кој треба да го изживее до последен здив.

На тој начин заспивав, будејќи се наредниот ден со насмевка.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg