Колку ви се менува животот кога ќе престанете постојано да очекувате нешто?

Важно е да го наштелувате умот. Но, не да го наштелувате постојано да цели и да очекува нешто или некакви резултати, напротив, треба да го ослободите од сите тие очекувања кои ве гушат.

kolku-vi-se-menuva-zivotot-koga-ke-prestanete-postojano-da-ocekuvate-nesto-01.jpg

Евгенија Медведева има неколку совети и мудри мисли кои се надева дека ќе ви помогнат да живеете поисполнет и посреќен живот и за сметка на тоа ќе бидете ослободени од компликациите и грижите.

Ја прекршив навиката од константно очекување дека нешто треба да се случи...

И тоа беше моментот кога почувствував олеснување, како штотуку да сум почнала да го живеам животот наместо да мислам како треба да го живеам. Престанав да очекувам било што од себе. До тогаш живеев по правилото кое само ме повредуваше - да го искористам својот целосен потенцијал.

Престанав да очекувам било какви резултати од самата себе.

Но, престанав да очекувам било што и од другите - дека ќе ме ценат, дека ќе направат нешто за мене, дека ќе бидат одговорни или нежни со мене. Престанав да очекувам многу од партнерот - за одеднаш да почне да ме разбира и да прави како што го замолував.

Престанав да очекувам дека од некаде ќе ми се појави брдо пари.

Наместо тоа, ја ценев количината која ја имав. Престанав да очекувам дека животот ќе ми даде нешто сам од себе.

Исто така, престанав да очекувам дека утре сè ќе биде подобро и дека еден ден ќе стигнам до точка во која нема да имам никакви проблеми.

Дел од мене беше навистина детски наивен и веруваше со мир и спокој. Но, делот кој сфати дека мирот и смиреноста доаѓа исклучиво однатре - преовлада. Тој ме научи дека отсуството на проблеми не значи мир.

После сè, престанав да очекувам било што.

Навистина не е важно што следно ми подготвил животот. Сакав да мислам дека среќата зависи од тоа да мислиш дека само добри работи ќе ти се случат, дека сè ќе биде совршено.

Сега знам дека „Што ќе биде - ќе биде“ е најдоброто животно мото по кое можам да се водам.

Се разбира, имам планови кои сакам да ги спроведам, но сфатив дека тие се многу малечки во споредба со можностите кои животот ми ги дава секојдневно.

Очекувањата ја концентрираат вашата енергија на една работа во моментот, максимум две. Тоа е правилото. Очекувањата ви ја држат целата ваша енергија и не ви дозволуваат да напредувате, истовремено спречувајќи ве да ги искористите можностите кои животот ви ги нуди, само затоа што „не е така по планот.“

Пред да почнам да правам нешто, чувствував дека морам да поминам низ процес на подготовка, кој често беше долг и болен. Понекогаш подготвувањето беше толку долго, што бев премногу изморена за да доправам нешто до крај. Инвестирав толку многу во овој процес, што не ми остануваше доволно сила за она што следи.

Земете пример кој сите сте го искусиле - загревање на столчето пред испит. До моментот кога ќе дојде испитот и треба да бидете загреани и подготвени да го дадете максимумот, вие сте преморени.

Откако работите ги пуштив да се одвиваат по својот тек, научив некогаш важни чуда и промени во животот:

1. Почнав да имам подобро разбирање за себе и да им дозволам на идеите да никнуваат. Почнав да ги слушам мислите и сфатив дека можам да ги остварам идеите дури и кога не знам како. Само се движев во насоката во која мислев дека е правилно, работев на нив со сите можни средства и остварував прогрес.

2. Почнав да постигнувам многу повеќе отколку претходно, колку и да изгледа контрадикторно. Самата јас бев изненадена колку подобри резултати можеш да постигнеш без да ја „прегориш“ енергијата.

3. Почнав да барам работи кои ми требаат во моментот и да се откажувам од работи кои не ми требаат, без да барам разбирање од другите околу мене.

4. Имам многу поисполнет живот. Имам многу повеќе активности, контакти, идеи...

5. Почнав да запознавам поинтересни луѓе. Ако пробате, ќе останете зачудени колку интересни ликови можете да запознаете во лифт, на улица, во продавница и во исто време да си помислите „како досега не сум знаела дека е толку пријатна личност?“

6. Конечно чувствувам дека сум на вистинското место во вистинско време.

7. Можеби ќе звучи неповрзано, но купувам многу помалку работи. Порано купував толку многу работи и никогаш ништо не ми беше доволно. Сега купувам многу помалку, но далеку поквалитетни продукти. Благодарение на оваа промена, гордо кажувам дека размислувам рационално.

Благодарение на тоа што престанав да го барам одговорот на прашањето „како да го направам ова?“ добив цел сет духовни подароци. Зошто да не пробате и вие?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Приказни на Македонец - рецепционер во хотел: „Сомнителен маж ме демнеше преку прозорецот додека раб... Нешто после полноќ, на безбедносните камери видов млад дечко пред хотелот... Ме ...
Срце ме боли за бездомниците од кои вртиме поглед - спакувајте денес од вашиот ручек и однесете им  Се наоѓаме во пансионот наречен улицата од општеството. Се надевам ви се д...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Цеце Николова за CRNOBELO лексикон: „Посакувам да имам свој дом“ „Неодамна купив еден добар џогер. На секое чистење си велам - најдобрата инвести...
„Син ми носи само скапи патики, а не од пазар“ – останав без зборови по одговорот на сосетка во мал ... Додека го пиев кафето, го гледам детето како пресреќно си оди дома, скока од рад...
Животот може да почне и по 40-тата, ако го разбудите детето во себе Животот може да започне апсолутно во секое време. Понекогаш сè што треба да напр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg