Мудра приказна на еден професор која ќе ве научи како да се ослободите од стресот

mudra-prikazna-na-eden-profesor-koja-kje-ve-nauci-kako-da-se-oslobodite-od-stresot-001.jpg

Еден ден професорот го започнал своето предавање држејќи чаша вода. Ја подигнал за сите студенти да можат да ја видат и ги прашал:

„Што мислите, колку тежи оваа чаша?“

„50 грама… 100 грама… 125 грама…“ – одговарале студентите.

„Вистината е дека не знам ни јас и нема да знаеме додека не ја измериме“ – продолжил професорот.

„Но, моето прашање е: Што ќе се случи ако ја држам вака неколку минути?“

„Ништо…“ – велеле студентите.

„Добро, а што ќе се случи ако ја држам вака цел час?“ – прашал пак.

„Ќе почне да ве боли раката“ – рекол еден од студентите.

„Така е, а што ќе се случи ако ја држам вака цел ден?“

„Раката ќе почне да ве боли многу повеќе, а напорот ќе предизвика вкочанување на мускулите“ – додал друг студент.

„Така е. Но, дали за сето ова време тежината на чашата се промени?“ – прашал професорот.

„Не“ – одговориле студентите.

„Тогаш, што ги предизвикува болките во раката?“ – прашал професорот и ги збунил студентите.

„Што треба да направам за да престане да ме боли?“

„Да ја спуштите чашата“ – одговорил некој.

„Токму така“ – рекол професорот.

„Вака е и со проблемите и негативните мисли во животот. Држете ги неколку минути во главата и изгледаат сосема нормално.

Мислете на нив подолго време и ќе почнат да ви предизвикуваат главоболки.

Задржете ги во мислите уште подолго и ќе почнат да ве парализираат. Нема да можете ништо да направите.

Важно е да се размислува за предизвиците и за проблемите во животот, но уште поважно е да знаете да го ослободите умот од нив на крајот од секој ден, пред да си легнете да спиете. На тој начин, нема да бидете под стрес, секој ден ќе се будите свежи и силни и ќе бидете способни да се снајдете со секој проблем што може да ви се појави на патот.

Запомнете, пред да си легнете не заборавајте ДА ЈА СПУШТИТЕ ЧАШАТА.“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg