Сѐ она што поседуваме, во иднина ќе биде само убав спомен за времето кое поминало

Колку и да не забележуваме, животот околу нас, ден по ден, постојано се менува. Несвесни за таа постојана промена живееме прашувајќи се зошто сѐ е некако различно, поразлично од она што сме го знаеле претходно.

se-ona-sto-poseduvame-vo-idnina-ke-bide-samo-ubav-spomen-za-vremeto-koe-pominalo-001.jpg

Некако како да не ја гледаме таа промена, како да го пропуштаме тој процес сè додека нештата потполно не се променат.

Кога ќе се присетиш сфаќаш дека навистина ништо не е како порано. Луѓето, нивните приказни, нивните соништа, стремежи, она што си го знаел за нив. Воздухот, природата, дури и работите околу тебе, сè она што си познавал се менува.

Се менуваш и ти самиот, незабележливо,постојано и кога ќе застанеш пред огледало и ќе се запрашаш ти станува јасно дека тој процес на трансформација е незапирлив.

Ако се прашуваш зошто луѓето со кои требало да го поминеш цел живот не се веќе покрај тебе, тоа е затоа што тие се промениле или ти си се променил на начин на којшто животот морал да ви ги раздвои патеките.

Тоа не е ничија вина, тоа е избор со кој ти ја градиш личноста во која треба да прераснеш. Дали изборот бил правилен, тоа може да го покаже само времето.

Тоа оддалечување е болно, но се случува секојдневно. Запознаваш личности со кои можеш да ја градиш иднината која ја замислуваш, оние кои ќе можат да те направат среќен и ќе се вклопат во таа твоја слика за иднината, а заминуваат оние за кои веќе нема простор на тоа уметничко платно.

Животот нема секогаш логика, понекогаш е сосема нелогичен. Не секогаш постапките, работите кои ги создаваме или уништуваме, луѓето кои ги пуштаме во нашиот живот или оние кои си заминуваат од нашиот живот, даваат некоја смисла. Но, сепак се случуваат.

Затоа најдобро е да се задржиме во сегашноста со погледот упатен кон иднината. Да уживаме во тој процес на метаморфоза.

Да оставиме да се случува, да не го прекинуваме и да не го форсираме. Да нема жалење за сè она што поминало и за сите луѓе и нешта кои сме ги изгубиле, бидејќи тие нема да се вратат, барем во најголемиот број случаи не се враќаат.

Треба да се обидеме да направиме што е можно повеќе сега, денес, додека сме тука, затоа што утре може се да се смени. И сè она што поседуваме во моментот, во блиска иднина ќе биде само еден убав спомен за времето кое што поминало...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg