Времето лета... камо да можев и јас да летнам со него

Времето лета...“ – реченица која толку често ја слушав во текот на мојот досегашен живот, но во која некако како никогаш да не бев уверена. Сѐ досега.

vremeto-leta-kamo-i-jas-da-mozev-da-letnam-so-nego-01

Со моите едвај 18 наполнети години почнувам да ги чувствувам стегите на возрасните. Од друга страна пак, уште како дете сакав да бидам возрасна, да се грижам сама за себе, да бидам успешна и вистински пример.

Сакав моето име да стане асоцијација за моќ и амбиција. Но, како што дојдов на прагот од т.н. „новиот живот“, сфатив дека јас не би сакала да стапнам внатре. Воопшто.

Сѐ уште сум трудољубива и работлива, амбициозна и силна како што бев и досега. Но, сега сум комплетно изгубена. Особен пример на мојата загубеност е првото одење во банка.

Влегуваш внатре, лицето ти менува боја, се трудиш да сфатиш што треба да направиш, се чувствуваш како марсовец и другите така те гледаат. И веднаш, истиот момент доживуваш егзистенцијална криза.

Младите денес се соочуваат со многу голем стрес, и голема порција од возрасните веројатно не се ни свесни за тоа. „Млади сте, ќе издржите“ – дежа ву кое одново и одново постојано се повторува како расипана плоча.

Во ред, млади сме, ама сме и неискусни. На училиште нѐ научија од што е составен атомот (да не ме разберете погрешно, добро е да го знаеме тоа), но заборавија да нѐ научат на вештини кои ни се потребни во секојдневниот живот.

Прва меѓу нив би ја ставила пополнувањето уплатница, како едно од поважните нешта. Затоа што кога ќе кажеш дека не знаеш како се прави тоа, место љубезно да ти помогнат, добиваш погледи со прекор и чудење. И плус слушаш шепнувања: Младинава ваква, младинава таква.

Епа, извинете ама мене не ми беше дадено туторијал, видео во кое ми е објаснето како да бидам возрасна. Точно, не знам да пополнам уплатница, не знам да платам данок (едвај да знам каде е општината) ама мене сето ова ми е ново.

Проблемот со 18-те години е тоа што и последната секунда од 17-тата година си мал, не разбираш ништо, а истата секунда штом ги наполниш тие кобни 18, автоматски знаеш сѐ. Како да се добива водич за животот и сѐ ти станува јасно како ден.

Камо да беше така. Животов веднаш ќе ми беше полесен, ама ете, не е. И додека јас се обидувам да се снајдам во новите обврски, во меѓувреме треба да одлучам што да студирам и каде да студирам, (бидејќи овде не е за останувачка)а мојот живот успева сѐ повеќе да се заплетка. А верувам дека на многу мој врсници им е исто, или барем слично.

Тешко е да си на почеток од  полнолетството. Подобро кажано, стресно е.

А самото време, капитализмов кој нѐ држи во рака и ни го притиска грлото полека давејќи нѐ еден по еден, развојот на технологијата и напредокот на човештвово не секогаш ги олеснува околностите - некогаш и ги прави потешки.

Времево лета... камо и јас да можев да летнам со него.

Далеку, каде 18 ништо не значи. Каде не морам да одам да се сликам за лична карта кај ужасни луѓе без ни малку култура, каде нема пополнување уплатници, каде од мене не се очекува да знам сѐ. Ех, бар на еден ден да беше така.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се надевам дека ќе имаш храброст да ги направиш работите поинаку Се надевам дека ќе имаш храброст да го сакаш повеќе светот, кој на моменти те ра...
СТОП за брзото возење! До кога пешачкиот премин ќе се валка со крвта на невините? Се будам од сонот во кој не се чувствувам безбедно ни додека одам по улица. Еден...
Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното ... Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од ...
„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“ Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот по...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg