Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија од детството

Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3 и 5 денари беа наменети за соучениците, а музичките за најблиските роднини: баби, дедовци, братучеди, братучетки, тетки... Јас одеднаш седнував и им пишував посвети на честитките. Најчесто по неколку збора. Си велев кој ќе се мачи да пишува реферати...

dekemvri od moeto detstvoili praznicna euforija na koja samo moze da se sekjavame 7

Седам и размислувам колку времињата се имаат променето, колку ништо не е исто како порано. Декември е, крај на година. Наместо да се радуваме на новите почетоци што доаѓаат со 2024, ние сме заглавени во машинеријата на животот, ни се чини дека никако не можеме да скршнеме од неа.

Емотивната отапеност од година во година станува подоминантна, мислам дека многумина ќе се согласат со ова.

Ех, сè беше поразлично кога бевме деца, кога знаевме да се радуваме на мали работи кои ни носеа голема радост, кога на празничната еуфорија ѝ немаше крај.

Ако не можеме да ги оживееме истите моменти, барем да се присетиме на нив! Ако ништо друго, барем ќе нè стоплат однатре!

dekemvri od moeto detstvoili praznicna euforija na koja samo moze da se sekjavame 3

Декември од моето детство беше пропратен со снег. Скоро секоја вечер пред спиење стоев пред прозорецот чекајќи да почнат да паѓаат белите снегулки.

Кога тоа ќе се случеше едвај ме фаќаше сон. Пред школо ги облекував стоплените алишта кои беа закачени на стол во близина на шпоретот на дрва и со крзнените чизми зачекорував надвор.

Големите одмори секогаш беа пропратени со мавање со снежни топки, па полумокри седевме до радијаторите за да се сушиме.

По школото одевме дома да ручаме и продолжувавме со санкање во маалото. Губевме чувство за време. Со зацрвенети образи, премрзнати прсти и исцрпени се враќавме дома, заборавајќи на домашните задачи, а чајот од камилица, барем мене, ми беше како приспивна песна.

dekemvri od moeto detstvoili praznicna euforija na koja samo moze da se sekjavame 5

Исто така, тој период многу се радував на китењето на божиќната елка.

Со мајка ми ја вадевме од подрумот, заедно со кутиите лампиони и сијаличките.

Им ја проверувавме состојбата на лампионите, оние кои беа напукнати ги фрлавме и така започнуваше китењето кое понекогаш знаеше да трае со часови.

Де овој украс да стои на оваа страна, де оваа летна да биде од оваа... И секогаш, најубавите лампиони беа од предната страна. Тука ги имаше и најмногу на број. Од задната страна ги стававме само најгрдите, колку да има рамнотежа.

dekemvri od moeto detstvoili praznicna euforija na koja samo moze da se sekjavame 4

Пишувањето честитки беше друга приказна. Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3 и 5 денари беа наменети за соучениците, а музичките за најблиските роднини: баби, дедовци, братучеди, братучетки, тетки...

Јас одеднаш седнував и им пишував посвети на честитките.

Најчесто по неколку збора. Си велев кој ќе се мачи да пишува реферати...

После, следниот ден на децата на маалото им ги оставав закачени на влезните врати, а во школото ги пикав во украсеното картонско сандаче кое се отвораше на последниот школски ден за таа година. Оној што имаше добиено најмногу честитки, беше најкул лик тој ден.

dekemvri od moeto detstvoili praznicna euforija na koja samo moze da se sekjavame 1

Тогаш новогодишната прослава беше голем настан. Домашни забави или изнајмување на некој мал локал со соучениците беше доживување до максимум. Нова облека беше задолжителна, како и добра плејлиста што се пушташе на Winamp. Прскалки, светилки, петарди... Сето тоа само ја надополнуваше атмосферата.

Јас никогаш не излегував од дома без да каснам од руската салата, топлите сарми на мајка ми и месените кифлички. Кога ќе завршв со ова, тогаш се дотерував, зашто на прославите често знаеше да снемува храна.  

dekemvri od moeto detstvoili praznicna euforija na koja samo moze da se sekjavame 2

Со сите овие поединости стававме крај на една година и со голем ентузијазам и желби нурнувавме во следната година. Освен тоа следуваше и зимски распуст што на сите ни беше дополнителна радост.

Тогаш бевме исполнети со мечти и верувавме дека светот е прекрасно место за живеење, не бевме задушени од монотонијата и гнилоста на општеството што од ден во ден сè повеќе го засведочуваме.

Како повторно да ги вратам тие времиња?

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Е. Х. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава