Секое патување има своја цел, така и животот

Во животот често сакав да ги знам одговорите пред да ми биде поставено прашањето и да ги разберам работите кога баш и не беше време за да бидат разбрани. 

Sekoe-patuvanje-ima-svoja-cel-taka-i-zivotot-01

Јас како и сите останати не дозволував тие да налегнат по својот природен пат и обожував да ги избрзувам.

На крајот останував исфрустриран, бидејќи природните процеси никогаш и никако не можат да бидат присилно променети, а тоа ужасно нервираше.

Ако се прашувате која е целта на она што го правите во моментот, за жал нема веднаш да добиете одговор.

Она што ние го нарекуваме судбина или надеж во иднината се токму тие одговори кои знаеме дека нема да се случат сега туку ќе дојдат со текот на времето.

Ако треба да направам аналогија би зборувал за патувањата кои ги правиме во текот на нашето постоење.

Без разлика дали се упатуваме до блиската пекара да купиме леб, поминуваме километри за да го слушнеме звукот на морето или можеби прескокнуваме огради за да го дадеме бакнежот за добра ноќ, сите тие патувања имаат своја цел.

На истиот начин функционира и животот.

На тоа патешествие можат да се најдат различни недостатоци во нашиот изглед, нашата облека, празнини во нашиот карактер или нашата душа, стремежи за успех и разни задачи кои треба да бидат извршени.

Сето тоа се менува со нашето приближување кон целта.

Треба да бидеме свесни за фактот дека не треба да поседуваме сѐ, тогаш нашето постоење на Земјата не би имало никаква цел.

Понекогаш место да бараме одговори каде што нема да ги најдеме треба да уживаме во тоа наше талкање кон целта.

Кога ќе стигнеме до крајот ќе забележиме дека сè она што делувало чудно во моментот било само заради нашиот ограничен видик, ние сме гледале само еден агол од таа цела фотографија.

Кој може да даде вистинска оценка на такво феноменално дело зјапајќи во еден мал дел од тоа совршенство?

Запомнете дека не треба да очајувате, паничите или да бидете депримирани за она што не го поседувате или она што ви недостига.

Секојдневно на секоја борба со општеството треба да се појавите максимално подготвени, да се изборите за себеси и за луѓето околу вас. Да бидете верни на вашите размислувања и пред сè да останете верни на себе.

Да бидете еден уникат кој е подготвен истрајно да ја следи својата патека до самиот крај.

 Ако ја следите патеката која сте одлучиле дека е вистинската за вас, тогаш на крајот од тој испреплетен лавиринт со многу солзи и пот, ќе ве чека она што сте го имале на ум, додека сте се подготвувале за патувањето наречено живот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg