30 цели за 30-те да ви станат најдобрите години од животот

На крајот на оваа година полнам 30 години или како што би рекле некои „30 ГОДИНИ“ - важна година, момент кога животот навистина почнува да ни се дефинира.

30-celi-po-koi-30te-kje-vi-stanat-najdobrite-godini-vo-zivotot-01-001.jpg

Поточно, 30-те години се декада која го дефинира целиот наш понатамошен живот, кога веќе формираме навики кои најверојатно ќе ги имаме до самиот крај, па токму затоа, мислам дека секој од нас треба да има барем 30 важни цели кои ќе си ги постави и ќе ги исполни во своите 30-ти.

1. Грижете се за вашите пријатели

Истражувањата покажале дека во нашите 20-те се опколуваме со голем број на пријатели, но веќе во 30-те не станува збор за квантитет, туку за квалитет. За наша емоционална добросостојба, важно е да имаме вистински пријатели, не еден куп познаници. Пријателите кои ги имаме во 30-те се тие кои остануваат до крајот на нашиот живот.

2. Бидете искрени со себе

Затоа што ако не можете да бидете искрени со себе, тогаш со кого можете да бидете искрени? Во минатото многупати бев убедена дека за некои работи сум во право и дека се тоа вистинското, кога се покажало сосема спротивното. Сега, во 30-те мислам дека најважно е да бидеме отворени за сите перспективи.

3. Пронајдете ја професијата која ќе ја сакате

Како и повеќето луѓе кои веројатно ќе се согласат со ова, мојата прва работа не беше онаа идеалната за којашто сонував, но 7 години подоцна, веќе сум онаму каде сакам да бидам, а тоа е најважно во животот.

4. Дајте си слободно време да бидете мрзеливи

Ја обожавам старата будистичка изрека која вели: „Не правете ништо и сè ќе си дојде на свое место“. Ова може да звучи контрадикторно, но веќе се покажало дека понекогаш мрзеливоста успева да ја зголеми продуктивноста, токму затоа имам намера секоја недела да ја поминувам на каучот без да имам грижа на совест.

5. Патувајте

Ако не сте имате можност тоа да го направите во 20-те, сега веројатно имате заштедено доволно пари за да можете да го видите светот околу вас, да искусите нови култури и да се вратите со полна торба искуства и доживувања кои ќе ги паметите до крајот на животот.

6. Научете друг јазик

Поголемиот дел од нас имаат барем мали познавања на англискиот јазик, но зошто да не научите уште еден јазик? Не бадијала велат дека јазикот е богатство.

7. Откажете се од лошите навики

Можеби секој 1-ви јануари си велите: „Од утре ќе престанам да...“, сега е идеално време да ја почитувате таа реченица.

8. Појадувајте

Појадокот навистина е најважниот оброк во денот, не мора да биде тоа обилен оброк, но важно е да не го пропуштите.

9. Соочете се со стравовите

Страв од неуспех. Страв од тоа да изгубите нешто или некого. Страв од јавно говорење, од пајаци...

10. Научете да го сакате своето тело

Генерации на постари жени ќе ви кажат една работа: „еден ден ќе се погледнете себеси како млади и ќе се запрашате зошто воопшто сте се грижеле за нешто.“

11. Откријте што ве прави среќни од сè срце

За мене тоа се моментите кои ги поминувам со семејството, покрај море, свежиот воздух, мирисот на мајчина душичка... Што ве прави вас среќни?

12. Бидете добри кон себе

Бидете добри и нежни и со другите луѓе околу вас. Најважна е вашата среќа, таа треба да ви биде приоритет, а секако, можете да ја постигнете ако научите како да се сакате себеси, да бидете добри и внимателни со себеси, но и со другите.

13. Дистанцирајте се од негативните работи

Животот е прекраток за да го поминете со грижење, животот е прекраток за да го поминете покрај негативни луѓе кои целосно ја црпат вашата енергија... Опколете се со позитивна енергија со позитивни души кои ќе го градат вашиот цврст идентитет.

14. Имајте момент кога ќе седнете на врв на планина и ќе погледнете надолу

Пробајте да се искачите рано наутро на врвот од најблиската планина, седнете и едноставно само тивко уживајте во моментот.

15. Никогаш не е предоцна да почнете одново

Никогаш не е предоцна да го промените начинот на кој размислувате, да ја напуштите токсичната врска, да се преселите во странство, да пронајдете нова работа...

16. Доведете ги во ред вашите финансии

Кога би погледнала наназад во моите 20-ти би сакала да се обидам барем малку да штедам, да одвојувам пари за „црни денови“, да имам пари да си дозволам работи кои долго сум ги посакувала... Токму затоа, 30-те се идеални баш за оваа цел.

17. Научете се како да се ослободувате од стресот

Постојат милиони работи кои ќе ве нервираат, кои ќе ве иритираат, кои ќе предизвикуваат бес во вас, но важно е да научите како ќе се ослободите од сите тие негативни емоции и да не дозволите истите долгорочно да влијаат негативно на вашето ментално и физичко здравје.

18. Научете се на самодисциплина

Научете да кажете „не“ на работите кои навистина не ви се потребни, научете да се контролирате за работите со кои сакате да претерувате.

19. Престанете да се споредувате со другите

Едноставно, престанете! Ако го правевте тоа во вашите 20-ти, сега навистина е време да научите само како да се споредувате со себеси.

20. Читајте многу книги

Можеби ви се чини дека сте презафатени за тоа, но важно е да направите свесна одлука и да почнете да читате, понатаму задоволството ќе си дојде, а не само што ќе се збогатите со знаења, туку ќе го негувате и вашиот ум, физички и ментално.

21. Научете се да кажете „не“

Можеби сте научени да ги правите среќни другите и да ги ставате први на листата, пред вашите потреби и приоритети, но време е еднаш за секогаш да научите да кажете „не“ во вистинскиот момент.

22. Вежбајте секојдневно

Да, секојдневно. Не мора да правите напорни вежби по два часа во теретаната, доволно е да поминете само 10-на минути во размрдување. Барем рано наутро пред да тргнете на работа за подобро да се расоните.

23. Хранете се здраво

Здравата исхрана е единствената квалитетна „инвестиција“ која можете да ја направите за вашето понатамошно здравје.

24. Напишете си писмо до „идниот јас“

Запишете што сте направиле тој ден, запишете си кои се вашите моментални цели, што сте постигнале, како размислувате... Направете си мала временска машина која ќе ве врати назад во времето кога ќе бидете повозрасни.

25. Фотографирајте

Себеси, природата, луѓето околу вас - фотографиите најдобро ги чуваат спомените од минатото.

26. Никогаш не престанувајте да учите

Научете се да готвите, ако досега не сте го направиле тоа... Научете нов јазик, нова вештина... Не е важно што, важно е никогаш да не престанете да учите.

27. Постојано нанесувајте млеко за тело со заштитен фактор

Грижете се за вашата кожа... Едноставно е.

28. Престанете да се извинувате

Едноставен концепт - ако знаете дека навистина не сте погрешиле, тогаш престанете да се извинувате.

29. Не се согласувајте на просечност

Бидејќи светот има многу што да ви понуди.

30. НИКОГАШ НЕ ПРЕСТАНУВАЈТЕ ДА СИ ПОСТАВУВАТЕ ЦЕЛИ

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg