Ако желбата сè уште не ти се исполнила, веројатно не си платил доволно

Некаде далеку во светот си постоело мало продавниче кое немало никаков знак долго време. Знакот бил одвеан од некој силен ветар, па сопственикот решил да не се мачи да става нов, бидејќи локалците веќе знаеле дека продавничето продава желби.

ako-zelbata-se-uste-ne-ti-se-ispolnila-verojatno-ne-si-platil-dovolno-001.jpg

Секој кој ќе влезел може да купи сè што сака таму: огромни јахти, скапи апартмани, брак, пари, деца, омилената работа, совршено тело, победа на некој натпревар, луксузни автомобили, моќ, успех, дијаманти и што уште не. Единствените две работи кои не биле на продажба биле животот и смртта.

Секој посетител на продавницата пред да купи нешто, морал да ја открие вредноста и цената на желбата.

Постоеле и луѓе кои никогаш не ја посетувале продавницата. Тие само седеле дома и не правеле ништо за да им се доближат на своите соништа.

За оние пак кои ја посетувале продавничката, цените варирале.

На пример, за да ја добиеш работата од соништата, морало да се откажеш од стабилноста и предвидливоста која си ја имал претходно во животот.  Морало да бидеш подготвен за големи планови за иднината, да веруваш во својата сила и да си дозволиш да имаш страсти за тоа што сакаш да го правиш.

Цената пак за авторитетот и моќта била далеку поскапа. Лицето кое очајно ги посакувало овие две работи морало да ги промени своите верувања и да мисли повисоко за себе, без да се грижи какво е туѓото мислење. Исто така морало да научи да се расправа рационално и да знае да им каже „не“ на другите.

Други цени биле прилично чудни.

Бракот не чинел речиси ништо, но среќниот брак бил многу скап. Вклучувал одговорност за сопствената среќа, можност да уживаш во животот, да ги знаеш своите желби, да ги одбиеш желбите на другите и да им се спротивставиш, морало да знаеш да го цениш она што го имаш, да ја разбираш својата вредност, да го одбиеш концептот да бидеш жртва и да бидеш подготвен да изгубиш неколку пријатели.

Не сите луѓе кои доаѓале во продавницата биле подготвени да си ги платат желбите. Некои заминувале инстантно откако ќе ги виделе цените. Другите стоеле, размислувале и броеле со што располагаат.

Некои се жалеле на високите цени и се обидувале да добијат попуст.

Сопственикот на продавницата повеќепати бил замолуван да ги спушти цените, но упорно одбивал. Тој велел дека ако цените се поевтини, квалитетот ќе страда.

Кога и да го прашале дали се плаши од банкрот, тој вртел со главата и велел:

„Секогаш ќе има храбри луѓе кои се подготвени да ризикуваат, да си ги променат животите и да ги напуштат познатите и предвидливи работи. Тие се способни да веруваат во себе и своите соништа и токму затоа по секоја цена ќе најдат ресурси за да платат за желбите да им станат реалност.“

P.S. На вратата на продавничката стоел постер со испишани зборови - „Ако твојата желба сè уште не се исполнила, тогаш уште не си платил доволно за неа.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg