Некогаш љубовта згаснува бидејќи разликите се преголеми

Некој ми рече – „Имавте толку многу заеднички работи!“ Што ли имавме заедничко, освен респираторните органи? Не, ни тоа не беше заедничко, јас сакав да дишам со полн здив, додека тој ми го ускратуваше со гушење.

nekogas-ljubovta-zgasnuva-bidejki-razlikite-se-pregolemi-001_copy.jpg

Би рекле, секој во утробата носи исто, но ќе ви кажам пак – не.

Некој носи срце, а некој камен.

Некому џигерот му е како бубреже во лој, а некому модар. Или искинат.

Не сме сите исти. Ние двајцата пак одамна не сме исти.

Разидувањето во врската е поголем проблем од вкусот за иста или слична музика или филмови. Таквите избори суштински не ја зајакнуваат моќноста на еден пар, ниту неговата трајност.

Јас сакав да излегувам и да се дружам, ти сакаше да се криеш и да самуваш.

Јас по природа не сум љубоморна, освен кога има реална потреба. Ти чувствуваше потреба да ме испрашуваш за секоја минутка, од секој изминат ден.

Јас сакав секогаш малку повеќе, ти секогаш се задоволуваше со помалку.

Сакав постојано да учам, ти мислеше дека веќе знаеш сè!

Јас се соочував со стравовите, ти ги закопуваше. Јас плачев, ти блееше со сув израз на лицето, отсутен и исклучен од светот и сопствените емоции.

Те молев да зборуваме, ме одбиваше со молчење.

Те преколнував да се бориме, ти се предаде уште пред првата битка.

Се размимнавме на раскрсница, едниот замина лево, другиот десно, а тие две улици не се пресретнуваат веќе никаде.

Не се разделивме затоа што едниот беше добар, а другиот лош.

Едноставно – во страниците на нашите биографии не беше испишана нашата заедничка иднина, затоа што нашите разлики не нè правеа посилни, тие нè разделуваа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg