Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најтешко е да се одвоиш од убавото минато и да зачекориш во иднината

Се преправав дека ја слушам мошне внимателно додека ми зборуваше за работата, бебето кое ѝ клоца во стомакот и новата боја на коса.

najteshko-e-da-se-odvoish-od-ubavoto-minato-i-da-zachekoris-vo-idninata-001.jpg

Во позадината на моите мисли се насели ти, како ехо од далечно минато, кое се трудев со сите можни сили да го закопам и да остане скриено.

Одеднаш, сите спомени решија да испливаат на површината, поврзувајќи се во една епизода која се одигра во мојот мозок, иако очите ја регистрираа само твојата сестра пред мене како го раскажува нејзиниот совршен живот.

Ти, со мал букет полско цвеќе додека лежерно се истегнуваме на тревата. Ми го поминуваш челото, носот и врвот на брадата со букетот, додека мижам на сонцето. Го враќаш назад по истиот пат и во моментот пред да помине на моите усни, ти втиснуваш лесен и нежен бакнеж врз нив, кој ме потресува до болка од толку многу љубов.

Надвор истура, а ние немаме чадор. Трчаме да се засолниме, одеднаш сфаќам дека сум преморена, целата водена и нема поента, па го забавувам чекорот. Се влечам бавно како полжав, се вртиш и ме гледаш со насмевка, нарекувајќи ме накиснато маче. Ме бакнуваш со страст додека дождовните капки ни се слеваат по лицата.

Мојот 26-ти роденден, ми носиш малечка сина торта. На неа има дрвени стапчиња кои држат минијатурни надувани балони. Се смеам на прашањето од другарките кога планираш конечно да ме запросиш. Ме штрекнува твојот одговор – „Наскоро, многу наскоро“. Ја ставаш тортата пред мене и ме бакнуваш. „Замисли си желба“, ми шепкаш.

Ја замислив истата која и ти ја помисли во тој момент. Можеби затоа и никогаш не се оствари.

Роб сум на минатото и убавите спомени. Тешко ми е да се одвојам од нив и да зачекорам во иднината. Се плашам дека никогаш нема да е доволно добра како времето поминато со тебе, се плашам дека нема да најдам никој доволно добар како тебе.

„Поминаа скоро 3 години“, ѕвонливо чукна гласот на твојата сестра како стар часовник. „И мене ми недостига секој ден. Понекогаш одам сама да си позборувам со него, да му раскажам сè што ми се случува, но сопругот ми вели дека сум малку луда. Никој нема да ти одговори од гробот“, ми вели.

Се вкочанувам и одвај го прикривам треперењето на рацете под масата.

„Време е да продолжиме понатаму. Ти да продолжиш понатаму. Тој нема да се врати никогаш“.

Одвај ги сопирам солзите. На масата стои букетче од свежи цвеќенца. Надвор започнува да истура. Келнерот носи мала тортичка и ја остава на масата.

„Среќен роденден мила“, искрено ми посакува сестра ти... „Посакај си желба“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg