Носталгија по едно убаво време - Цртаните од нашето детство

Денешните дечиња ги имаат Олаф и Елса, ние го имавме Мразулко.

Nostalgija-po-edno-ubavo-vreme-crtanite-od-naseto-detstvo-01.jpg

Во едно дамнешно време, да имаш видео дома беше невиден луксуз, а да ги имаш Пинокио, Снежана и Пепелашка на касета беше еднакво на научна фантастика.

Сепак, мојата радост беше најголема кога на телевизија после вестите во 20 часот ги даваа омилените цртани. Со нетрпение ги очекувавме, а подоцна се лепевме до екраните и во тишина во која можеше да се чуе и зуењето на мува, уживавме во авантурите на мечето Ушко и пакостите на лошото детиште Хуго.

Моите цртани од детството се најубавиот спомен на една безгрижност. Тие се она добро старо ретро, кое не би го заменила за ниту една Мерида или Тијана или Елса. Тие беа одлични приказни, со уште подобра македонска синхронизација.

„Пепе ги сака бисерите, бисерите го сакаат Пепе“, „Кога ќе пораснам сакам да бидам... пеперуткааа“, „Торта со полжави и крем од пајаци“, „Калимеро - Нема правда“ и уште бројни бисери ме врзуваат за омилените цртани од средината на ’80-тите и целата декада на ’90-тите години.

Да се потсетиме на дел од нив:

Тетка Биберче

Оригиналното име на тетка Биберче е Spoon Oba-san, што во буквален превод од јапонски би значело Тетка Лажичка. Токму така, тетка Биберче е јапонски анимиран цртан филм работен според новелата „Mrs. Pepperpot“ од норвешкиот автор Alf Prøysen, со вкупно 130 епизоди во времетраење од 10 минути. Кој може да ја заборави слатката Биберче која во најнеочекуваниот момент се смалува и може да зборува со животните?

Вили Ква Ква

Жолтото пајче Вили Ква Ква е по потекло од Велс. Цртанот е иснпириран од детска книга, а се снимал од 1982 до 1986 година. И книгата и омилениот цртан филм се случуваат во руралните делови на Велс.

Хи-Мен

„И Грингер стана необичен“... и магијата започнува. Хи-Мен, Кралицата и Орко беа дел од овој прилично акционен цртан филм со потекло од Америка. Сместен на измислената планета Етернија, проткаен со магија и фантазија, доволно беше да се каже „Во името на моќта на сивиот череп!“ и да се тргне во борба против злобниот Костур.

Волшебни чевличиња

Чевличките се прикажувале во дури 62 држави ширум светот. Добитници се на  BAFTA и Gold Award наградите за најдобра анимирана серија. Ова е воедно првиот цртан серијал од Британија, односно од западниот свет што бил прикажан во Советскиот Сојуз. Наредникот, Балерината, Кловнот, малата чизмичка со цуцла и забавата може да започне.

Пожарникарот Сем

Пондипанди беше домот на омилениот пожарникар, со најзаразната весела мелодија на светот. Цртанот кој бил промовиран во Обединетото Кралство имал пред сè едукативна мисија, односно како да се зачува безбедноста во случај на пожар.

Радувањата на Радован

Детето Бохоушек е од Чешка. Креиран како цртан за добра ноќ, ја следи авантурата на среќното дете кое постојано се смее, па поради тоа е прекрстен во Радован. Неговите родители се грижат за градината, а тој ја има убавата Катеринче за другарка и главниот анти-херој кој стана синоним за злобен лик – лошото детиште Хуго.

Уште 5 цртани на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Од Скопје се преселив во Бразил: Китам елка на 37 степени, славам Божиќ на плажа Оваа година китев елка на 37 степени и мојот празничен дух не беше баш расположе...
„На моите деца не им треба идеална и совршена мајка, туку родител што ги сака“ „Не сум таква мајка каква што сакав да бидам. Не си легнувам рано за да можам да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg