Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


За пријателите со кои ќе ја дочекам староста...

Ова е за пријателите со кои ќе остарам. За луѓето кои се покрај мене од почетокот и за луѓето кои докажале дека ќе останат до крај.

za-prijatelite-so-koi-ke-ja-docekam-starosta-1.jpg

Ви благодарам што секогаш бевте покрај мене кога ми бевте најпотребни. Што несебично слушавте сè што имав да исфрлам од мене и што ми помагавте кога чувствував дека не можам сама.

Ви благодарам што секогаш бевте искрени со мене. Што бевте фер и ми кажувавте секогаш кога сум виновна, бидејќи премногу ме почитувате и сакавте да ме предизвикате да бидам подобра.

Ви благодарам што секогаш бевте полни со разбирање и ми дозволувавте да бидам своја.

Ви благодарам и за тоа што ме сакавте доволно за да ме предупредите кога ќе претерам и ме теравте да се вразумам.

Ви благодарам што ме туркавте надвор од комфорната зона и ми помогнавте да станам подобра и да се развијам како личност.

Вие сте причината за сите мои незаборавни искуства – од настани кои сакав да ги прескокнам поради срамежливост, до забави на кои не сакав да присуствувам, бидејќи сум сакала да се излежувам.

Работите со вас секогаш беа подобри од тоа што навистина се сами по себе, и тоа добро го знаете. Знаевте и ме извлекувавте од сите изговори за да ми покажете што пропуштам.

Ви благодарам што ми донесовте радост во животот.

Што ме смеевте толку многу, што кафето ми излегуваше низ носот, бидејќи не можев да се воздржам.

Благодарам за сите интерни шеги и грешки на кои сега се смееме.

Благодарам и за тоа што знам дека на овој свет постои некој кој ме разбира подобро од кој било.

Ви благодарам што ми дадовте до знаење дека не сум сама во сопствените мисли, чувства и во љубовта.

Едноставно, ви благодарам што тоа бевте вие. Ме инспирирате да бидам подобра личност, ме мотивирате да правам повеќе, да гледам повеќе и да чувствувам повеќе, бидејќи секогаш ме охрабрувате во тоа.

Велат дека најдобриот пријател е оној кој навива за тебе, кој ти го покажува сопствениот потенцијал, а тоа е токму тоа што вие го правите.

Имате многу големо значење во мојот живот и немам доволно зборови за да го опишам тоа.

Ви благодарам што ме одбравте мене. Вие не само што сте ми пријатели, туку сте ми и сродни души.

Луѓето кои го менуваат туѓиот живот и го прават многу подобар.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни Скопје е токму ова – мирисот на липа во јуни. Благата арома ги надразнува сетила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg