Се будиш наутро и скоро секој ден те чека истата таа рутина...

Се раѓаш без да бидеш свесен за тоа. Доаѓаш во светот и уште пред да знаеш што ти се случува кислородот насилно навлегува во твоите дишни патишта. Без да знаеш зошто ја чувствуваш првата болка во твоите гради, светот те пречекува за првпат учејќи те дека тука работите не се совршени, а што знаеш ти тогаш?

covekot-zasekogas-mrtov-iako-ziv-01

Во текот на твоето растење одиш по сите правила, те учат да не застрануваш и те тераат да ги следиш нивните замисли за тоа како треба да изгледа твојот живот.

Се будиш наутро и скоро секој ден те чека истата таа рутина.

Најпрво одиш во градинка, па на училиште, ќе стигнеш на факултет и кога ќе заврши целиот тој образовен процес те чека работа и одново треба да се будиш наутро со помислата дека тој ден е нов работен ден.

Како што изминуваат годините сфаќаш дека со можноста да бидеш присутен во секојдневието ти се наметнува и данокот за тоа твое живеење,сфаќаш дека сè на овој свет си има сопствена цена, така и твоето постоење.

Се грижиш за себе, за твоето семејство, за сопругот или сопругата и за децата, за сметките кои треба да се платат на крајот од месецот и за иднината, за новото утре кое допрва треба да дојде.

Се прашуваш дали ќе можам да си го овозможам сето она кое сум го зацртал, дали ќе успеам?

Секојдневно трчаш за да стигнеш секаде, да оствариш сè она што ти се наметнува и да се избориш со секоја препрека која наишла на патот, плачеш, се гушиш, но немаш излез, бидејќи тоа е она што ти го претставиле како твојот живот.

Немаш време за ништо, бидејќи времето е сведено на пари, а парите ти се основното нешто за да преживееш.

Додека да трепнеш, животот поминува, годините си го земаат данокот, ти се менува телото, ти се менува составот на луѓето кои се околу тебе.

Многумина нови дошле, многу стари веќе не постојат.

Се вртиш зад себе и гледаш што се случило во годините кои изминале, не ти се верува дека толку време поминало и дека веќе си остарел.

Без да бидеш свесен, во таа бркотница, ти поминал животот.

Оставен во шок, на крајот од твојата патека се прашуваш, дали јас воопшто живеев?

Дали се што посакав остварив, дали живеев и дали правилно живеев или бев само еден жив-мртовец кој само се обидува да преживее од денес за утре?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
Мартија Станојковиќ за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив - Еј, ова е супер“ „Најголемата беља во детството беше тоа што си ја објавив симпатијата на Фејсбук...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg