Проштално писмо на едно дете до своите прерано заминати родители

Денес се разбудив сам како и сите други денови претходно, како секој момент после вашето заминување. За појадок скршив две јајца и ги матев со виљушката во омилениот сад, мила мамо, за појадок можев тоа да го направам. За ручек ќе смислам нешто.

pismo-od-deteto-sirak-do-svoite-prerano-zaminati-roditeli-01

Баба е насекаде околу мене, но не може жената на тие години да ме гледа мене како бебе, па пополека учам како да се снаоѓам. Јадењата кои ги правам не се ни од далеку толку вкусни колку твоите мамичке, но барем не сум гладен.

Се учам да пеглам, да здиплам, да си исцепам дрва, да го запалам огнот, да ја чувам куќата и да ја одржувам на начинот на кој вие умеевте. Тешко ми е, тешко ми е не затоа што имам многу работи со кои треба да се справам, тешко ми е бидејќи сум сам.

Од утре почнувам на работа, во кафулето ќе бидам келнер, малку сум трапав како за почетник, ама ќе се снајдам брзо, секогаш сум се снаоѓал. Се договорив да работам кога не сум на училиште, така ќе можам да учам и да заработувам, не е многу, но за почеток е сосема доволно.

Ќе можам да штедам за факултет.

Дедо не сакаше да ме остави да работам, ама му кажав дека неговата пензија нема да трае вечно и дека морам да научам да се борам сам за себе.

Кога ќе си легнам на вашиот голем кревет, знам да ја наводенам перницата со солзи, ми недостасувате.

Ми недостасува вашиот збор, вашиот совет, вашата насмевка и топлина, ми недостасува нашата унија која го создаваше множеството чии три елементи беа доволни за да се создаде совршенство.

Животот гризе, секојдневно, немилосрдно, но нема да се предадам.

Многумина ме отпишаа, многумина ме сожалуваат и мислат дека нема да го фатам правиот пат, но нема да ве разочарам.

Сѐ она што ме научивте го носам како најскапоцено богатство во главата и знам дека додека ме гледате таму од горе ќе ве направам горди.

Секој ден е нов предизвик, секое утро се поосамен, секој ден се подолг.

Ми недостасувате, тоа нема да се промени сè додека го вдишувам воздухот на овој неправеден свет.

Сакам да знаете дека без разлика на сѐ, јас ќе пробам да најдам мотивација и да ја доведам насмевката на моето лице.

Ја гушкам нашата фотографија за барем на момент да ја почувствувам љубовта која неправедно згасна прерано.

Ве сакам, чекајте ме ќе се видиме таму кога ќе станам голем човек и ќе оставам траги на кои вие ќе се гордеете.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg