Легенда за вереничкиот прстен

Дали знаете зошто вереничкиот прстен се носи на четвртиот прст (до малото прсте)?

legenda-za-verenickiot-prsten-1

Кинеската легенда тоа го објаснува мошне едноставно и уверливо.

Нема да ви се верува крајот.

  • Палците ги претставуваат родителите.
  • Показалците се браќата и сестрите.
  • Средниот прст си ти.
  • Четвртиот прст е твојот пар (партнер).
  • Малиот прст се децата.

Сега склопи ги дланките и средните прсти постави ги како што  е прикажано на сликата.

legenda-za-verenickiot-prsten-2

1. Обиди се да ги раздвоиш палците (родителите), се раздвојуваат затоа што не треба да живеат со тебе вечно. Повторно спои ги.

2. Обиди се да ги раздвоиш показалците  (браќата, сестрите и пријателите), се отвораат затоа што сите имаат свои животни патишта и заминуваат.

3. Обиди се да ги раздвоиш малите прсти (твоите деца) – се отвораат затоа што децата растат и си заминуваат. Повторно спои ги.

4. Конечно, обиди се да ги раздвоиш прстите наменети за вереничкиот прстен и ќе се изненадиш. Тоа е невозможно. Судбински сте поврзани и затоа венчалниот прстен е носи токму на овој прст.

Би можело да ве интересира:

„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg