Животни приказни после кои ќе верувате во љубов и добрина

Чудни и прекрасни работи се случуваат секој ден, само некој треба да ве потсети на тоа.

zivotni-prikazni-posle-koi-ke-veruvate-vo-ljubov-i-dobrina-1.jpg

Разубавете си го денешниот ден и секој следен, така што ќе се потсетите на овие приказни.

Благодарение на нив, вербата во добрината и љубовта ќе ви се врати:

„Откако преживеав автомобилска несреќа, повеќе не можев да зборувам. Сега секаде со мене носам тетратка и пенкало за да можам да комуницирам. Додека се опоравував и бев во болница, мојот најдобар пријател разговараше на секакви теми. Секогаш внимателно и трпеливо ме чекаше да напишам што мислам, за да ја продолжи дискусијата. Ваквите гестови те тераат да сфатиш какво богатство се вистинските пријатели.“

„Пред многу години, чекав ред во супермаркет со мојата 3-годишна ќерка. Беше зима, а таа беше замотана во топла јакна, капа и дебели чизми. Имаше големи убави очи и образите и беа поцрвенети од студенило. Слушнав едно детско гласче позади нас како вели: Мамо, види колку е убава. Еден ден ќе бидеме пријатели. Само се насмевнав на мајката на момчето. Потоа децата пораснаа. Сега, ја планираат својата венчавка.“

„Обожавам да пеам под туш, но само кога сум сам дома, бидејќи звучам страшно, не смешно. Еднаш кога излегов од тоалетот ги видов моите родители и сестра ми како стојат пред врата. Почнаа да аплаудираат. Татко ми дури и ме молеше да го правам тоа почесто.“

„Пред многу години, кога бев тинејџерка, немавме многу пари. Една добра сосетка постојано ми подаруваше облека и накит кој велеше дека не го носела со години. Работите кои ми ги даваше секогаш беа сочувани. Набрзо, забележав дека и девојките во моето училиште носат слични парчиња облека. Тогаш сфатив дека сосетката купувала нова облека, лажејќи ме дека ја вади од гардероберот. Сè само затоа што знаела колку многу сакам да изгледам дотерано, иако немам доволно средства.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев во болница во туристичко место во Македонија со синот - докторите ни се злато“ За жал, завршив на дежурство во туристичко место во Македонија поради интензивен...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg