Зошто мојот сопруг го сакам повеќе од моите деца?

Еден месец пред венчавката, пред сите тие пораки на благодарност и среќа и подготвувањето на брачните завети, во рацете држев позитивен тест за бременост.

Zosto-go-sakam-mojot-soprug-povekje-od-moite-deca-01

Осум и пол месеци по стапувањето во брак, со мојот сопруг сè уште се навикнувавме на улогите на маж и жена, но и на улогите на мајка и татко.

Не би можела да кажам дека нашата ќерка дојде според планираното, бидејќи и двајцата бевме збунети и неодлучни на темата проширување на семејството, но морам да признам дека станувањето мајка и сопруга во една иста година, не е за слаби личности.

Првата година беше најтешка. И за нашиот брак и за детето. Во текот на таа прва година ја научив најважната лекција која гласи: мојот маж мора да биде поважен од нашето дете.

Не ме сфаќајте веднаш погрешно, јас ги сакам моите деца и би направила сè за нив. Но, едноставно повеќе го сакам мојот сопруг.

Кога ќе им го кажам ова на луѓето, најчесто нивните реакции се сведуваат на шок и неверување. Сите веднаш се потсетуваат на златното правило, кое вели дека да се биде родител значи да се жртвува сè за доброто и среќата на децата, оставајќи ги настрана сите свои лични потреби.

Жал ми е што ќе ве разочарам, но јас едноставно не сум таква.

Јасно ми е дека моето однесување се доживува како чудно, бидејќи децата, сепак, се приоритет. Меѓутоа, мојата нераскинлива врска со децата воопшто не е доведена во прашање, а сето тоа е благодарение на мојот сопруг.

Ќе започнам со претпоставката дека со тоа што го сакам него повеќе, им давам на децата повеќе простор да растат во среќно семејство, со многу помал ризик од развод.

Ние можеби сега се наоѓаме во нови животни улоги и фази, но и понатаму треба да останеме двете заљубени личности од почетокот на приказната, кои одлучиле да го поминат животот заедно.

Длабоко верувам дека сме добар пример за нашите деца, бидејќи одржуваме здрава комуникација и интимност меѓу нас.

Гледајќи нè нас, нашите деца можат да научат како треба да се однесуваат кон нивните идни партнери и како да ги негуваат нивните односи. Верувам дека тоа е непроценливо богатство.

Мислам дека растењето во таков дом, каде љубовта и почитувањето меѓу родителите се на прво место, ќе им дозволи да станат стабилни возрасни личности.

Токму затоа, ставајќи го мојот сопруг на прво место, им покажувам на децата какви приоритети треба да имаат во животот.

Многу ретко нашите деца спијат со нас. Едноставно, не гледам потреба нашиот интимен, а често и единствен, недопрен заеднички простор, да стане уште едно место за игра.

Некогаш се случува само еднаш да отидеме на одмор, и тогаш да ги оставиме децата дома.

Не чувствуваме вина што сме ги оставиле децата за да си посветиме време еден на друг.

За неколку години кога нашите деца ќе си заминат од оваа куќа и ќе тргнат по својот пат, сакам да го прославам тоа со мојот сопруг и мојата најголема љубов.

А, не со човек кој во меѓувреме станал странец и со кој сум работела само на едно - растење на деца, кои на крајот нè оддалечиле еден од друг.

Го сакам повеќе, бидејќи тој е оној кој го избрав за сопатник до крајот на животот. Децата се круна на нашиот брак, но негов темел сме ние двајцата. Сами, заљубени и сакани...

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg