Смислата на животот не е само да си сит

Многу луѓе ќе ви кажат дека мораме да имаме реални цели и желби. Ама, зарем сонувањето не е бесплатна работа во животот?

smislata-na-zivotot-ne-e-samo-da-si-sit-01.jpg

Откако знам за себе сум обожавала да фантазирам, да сонувам. Да остварувам некакви мали детски цели и потоа да си поставувам нови. Еднаш кога ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам, убаво се сеќавам дека одговорив: „Директор“.

Денес не сум директор, ниту пак имам такви амбиции. Немам ниту желудник, ниту одговорност која таа позиција ја носи со себе. Ама и понатаму имам соништа и надеж. И понатаму за себе сакам подобро.

Сепак, тоа е длабоко вкоренето во човечката природа.

Не можам да бидам среќна само затоа што имам вода за пиење и можам да си купам храна за јадење, бидејќи за мене тоа е нормална работа, исто како што е и дишењето. Логично е дека понекогаш во животот и ќе посакам нешто повеќе.

Што се случува во нашиот живот од детството, па се до самиот крај? Што треба да правиме? Како да живееме?

Да се будиме и да одиме на работа. Цел ден да се смееме и тогаш кога не ни е до смеење. Безволно да климаме со главата. Секогаш да сме уредни и фини. Кошулите да ни се испеглани.

Да не се жалиме кога не боли стомакот или сме раздразливи. Да не сонуваме за голем одмор.

Кај нас уште од мали нè учат личните пориви да ги сведеме на минимум, па ако ви се случи нешто убаво за тоа не треба нешто посебно да се радувате, а ако ви се случи нешто лошо, плачот најдобро е да го оставите зад заклучена врата.

Ако сте маж мораш да останеш таму каде мајка ти и татко ти ти изградиле дом, таму каде тие одбрале дека треба да живееш. Да стапиш во брак со некоја убава и чесна девојка која ќе се согласува со твоите. Да имаш работа и да го храниш семејството.

Како успеавме да се сведеме да ни е доволно што сме сити и имаме жива глава?

Да, здравјето е најважната работа која ни е потребна, ама што е со душата? Што е со она што ни го шепоти срцето? Што е со она што ни го бараат очите? Што е со оние работи од кои ни заигруваат сите сетила и прават да бидеме среќни што сме живи?

Никогаш не би можела да бидам задоволна само со „празни лушпи“. Да одам во веќе назначени патеки. Да сакам по навика. Да го сакам она кое другите ми велат дека треба да го сакам.

Отсекогаш сум сакала да посакувам толку силно што ќе се плашам дека нема да можам да дишам без него. Дека сум нечиј свет. Никогаш не сум барала партнер. Сум барала љубов за цел живот. А, ако сум сфатела дека не сум ја пронашла, тогаш сум знаела дека е време за понатаму. Дека не треба да се „скрасам“ покрај некој.

Никогаш не сум се смеела на шегите кои не ми се смешни. Не ги сакам луѓето кои не ми се симпатични. Не ни учам да ги сакам. Не посетувам родендени кои не сакам да ги посетам и не водам разговори кои само ме преморуваат. Не ја јадам храната која не ми се јаде. Не ја слушам онаа музика која не ми се допаѓа. Не сакам живот кој не ми се живее.

За многу од овие работи, некој ќе ви каже „Мораш“! „Треба“! Ама кој е тој судија кој одредува што е тоа што се мора и се треба? Чиј благослов ни треба за да бидеме среќни?

Да, постојат понекогаш некои работи кои ги „мораме“ за да уживаме во работите кои ги посакуваме. Ама лошо е кога тие „мора“ работи стануваат составен дел од нашиот живот. И кога решаваме дека е време да престанеме да бидеме во потрага по работите за кои првично сме решиле дека оние „мора“ работи треба да бидат дел од нашиот живот.

Забораваме дека животот нема реприза. Забораваме колку често треба да си бидеме важни самите на себе. Да патуваме кога ни се патува. Да потрошиме, понекогаш, непромислено. Да си купиме чевли кои баш сега ги посакуваме. Да задоцниме, барем понекогаш, на работа. Понекогаш да го пропуштиме ѕвонењето на пријателките.

Многу од тие работи за кои сме си рекле дека „мораме“ да ги правиме, реално, не мора. А, сонувањето е важно, бидејќи тоа е лек за нашата душа.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg