10 однесувања кои треба да ги надминете за да живеете посреќно

Секој од нас е способен за да повреди или вознемири друг човек. Треба напор за да живеете по овие 10 однесувања, но вреди да се обидете.

10-odnesuvanja-koi-treba-da-gi-nadminete-za-da-ziveete-posrekno-001.jpg

Бидејќи резултатот е далеку посреќен живот од вообичаено.

1. Љубомора на секого и сешто

Не дозволувајте љубомората да се вдоми во вас. Или ако е веќе вдомена, не дозволувајте да ве влече надолу. Ова е ваш живот, ваш пат, ваш избор, не е натпревар.  Ако сакате да измерите како напредувате, споредете се со сопствената верзија од пред година, две или пет.

2. Сфаќање лично на секоја ситница

Вистина е следнава: она што луѓето го кажуваат за вас, повеќе кажува за нив. Кога и да ви кажат дека сте прекрасни или едноставно „не ве бива“ за нешто, научете сфатете дека тоа лично на вас ништо не ви менува. Тоа е само нивно гледиште. Нивен добар или лош впечаток. Продолжете да се водите по интуицијата и мудроста.

3. Постојано глумење жртва

Уште едно токсично однесување кое другите ги тера да веруваат дека имаат поголема моќ врз вашиот живот, отколку што имате лично вие. Кога ќе престанете да се жалите и да се гледате како беспомошна жртва, ќе сфатите дека сте многу помоќни отколку што сте мислеле.

4. Анализирање на туѓата негативност

Негативните луѓе не може да ги промените и да им всадите позитивни мисли. Но, тоа не значи дека вашите позитивни мисли треба да ги потиснете со тоа зошто тие ви рекле нешто или постапиле некако. Отворете го умот за поголеми работи.

5. Недостаток на емоционална самоконтрола

Нема потреба да се стресете кога ќе ви се истури сок врз тепихот или да почнете да плачете кога ќе ви се скрши омилената чаша. Среќниот живот подразбира самоконтрола. Контролата на вашите емоции е најдобрата работа која може да ја направите.

6. Донесување избрзани заклучоци за другите

Не ги проценувајте другите според она што го гледате. Запаметете, тоа е сликата која тие сакаат да ја видите. Оставете простор и време за заклучување и одлучување. Не мора сè да знаете сега веднаш. Така ќе се спасите од голем стрес и болка.

7. Грубост

Недостатокот на емпатија и учтивост е многу лоша комбинација. Така вие станувате едни од токсичните луѓе од кои сите бегаат.

8. Изневерување на секој можен начин

Изневерувањето е избор, не е грешка, а уште помалку изговор. Ако сте решиле да изневерите (партнер или пријател) и сте успеале, не мислете дека другата личност е глупава и измамена. Сфатете дека вие не сте достојни за вербата која таа личност ја имала во вас. Бидете поголеми од изневерувањето и ниските страсти.

9. Потреба за постојано одобрување и пофалби

Постојат толку многу поголеми работи кои може да ги направите во животот и со животот, отколку да запаѓате во замката на постојани пофалби и истакнувања. Научете дека самите е најважно да го цените процесот на вашиот раст и развој, па потоа другите.

10. Упорен, тврдоглав перфекционизам

Не сме луѓе ако не грешиме, па затоа перфекционизмот се граничи со хипокрит. Не можете и верувајте не сакате да имате совршена куќа, работа, идеален пријател и партнер. Проблемот е што тие не постојат. А, ако сметате дека ги имате, тогаш нешто сериозно не е во ред. Отворете го умот за прекрасни несовршености.

И запомнете: Тревата во туѓиот двор понекогаш е позелена од едноставна причина - вештачка е.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg