Зошто само плукаме, а за пофалби сме неми?

Понекогаш дури ни доаѓа да го отвориме речникот и да ги пронајдеме најгнасните зборови за соседот кој се паркира пред влезот на зградата, но кога станува збор за тетката од први кат која веќе години наназад го наводнува заедничкото зеленило во нашата зграда и сади цвеќе секоја пролет тогаш остануваме неми. Кога е нешто лошо врескаме на цел глас...

zoshto-samo-plukame-a-za-pofalbi-sme-nemi-001.jpg

И во ред е тоа да ги бараме своите права и да се бориме против неправдите и некултурата, но каде сме кога треба да пофалиме некого? Зошто станавме толку скржави за добар збор? Никому не оддаваме признание, благодарница, а сѐ поретко и насмевка.

Па, сето тоа е бесплатно! Не чини ништо на пријателката да ѝ кажете дека одлично ѝ стои новото фустанче, на партнерот дека го цените тоа што не си легнува без да ви посака слатки сништа и добра ноќ, на колешката дека одлично ја работи работата и дека нејзината амбициозност е реткост во денешно време, на родителите дека сте им благодарни за секој кажан совет и за пожртвуваноста да ве направат човекот кој сте денес.

Сигурно и вам ви здодеа да слушате шефот како од една ваша минорна грешка прави планина, но ниту на крај на ум не му е да ве пофали кога вашите идеи, вложувања и реализација на работното место ги надминуваат очекувањата и најмалку што заслужуваат е пофалба.

Сигурно кожа ви се ежи од нервозните возачи, кои дури и само да се движите за нијанса побавно отколку со брзината на светлината на пешачки премин, веднаш трубат на сирените како животот да им зависи од таа една секунда.

Преку глава можеби ви е и од оние познаници кои од 10 средби во девет ве гледаат совршени и остануваат неми, но таа едната каде што едноставно сте имале лош ден со косата не се штедат за совети дека е време да го посетите вашиот фризер.

Лоши зборови на сите страни. Глобална суша за позитивни вибрации.

Затоа во денешно време е и толку лесно да се стане омилената пријателка, вработен, сосед, партнер... Ако знаете да ги насмеете луѓето, да ги пофалите за добрите дела или за кој било аспект од нивното живеење, ако им се заблагодарите за помошта и им се извините за грешките ќе се истакнете од толпата која се престори во праведен судија качен на пиедестал за сѐ што не чини, без притоа прво да погледне во огледалото. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“ „Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се ис...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...
„И по 27 години ми одѕвонува во глава пеењето на Тоше на нашата прва средба - се сеќавам на секој де... Од денешен аспект, сфаќам дека таа сабота, 6 март 1999 година, за мене е „голема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg