Порано ни викаа „учи за да бидеш писмен“, сега борбата за оценки е остра и сурова

Еве еден бесценето добар коментар во врска со најавата дека од септември ќе се укине Кембриџ програмата во основните училиште. Коментарот е на една мајка која искрено и од срце напишала: Фала богу, ќе се спасам и јас од учење.

Fala-bogu-ke-se-spasam-i-jas-od-ucenje-01.jpg

На прво читање делува смешно, но воопшто не е. Бидејќи образовниот систем ти е тотално некорисен и неефикасен ако родителот учи повеќе од детето.

Всушност, борбата за добри оценки е поостра и посурова од кога и да е. Пред некој ден беа актуелни уписите во средните училишта и веќе во првиот уписен рок биле надминати квотите со кандидати сите со 5,00 просек.

Дали навистина сите деца ни се толку многу паметни и заслужуваат просек пет нула нула или нивните родители биле доволни вредни и трудољубиви па ги заслужиле сите петки во дневникот?

Просто е невозможно сите да имаат еднакво знаење, сите да се добри по сите можни предмети. Всушност, зошто грчевито се тресеме и им всадуваме во децата дека мора да ги имаат сите петки? Секако, поради притисокот да се запишат во добро средно училиште, па со тој одличен просек да бркаат добар факултет, па добра прилика за вработување и така до недоглед.

Не е важно дали детето го сака тоа, дали е среќно и дали воопшто учи и научува нешто. Важна е борбата за петките, престижот и натпреварот. А вистината е дека неретко родителите си се натпреваруваат сами меѓу себе.

Како помали ни кажуваа постојано дека си учиме за себе, не за некакви си петки и оценки. Не ни беше баш многу јасно што сакаа да ни кажат. Во тој момент тоа знаење „за себе“ ќе го заменевме за сите можни петки во дневникот. Но, сфаќаш дека не е баш така. Џабе ти се петките ако не си поткован со знаење.

Џабе си имал петка македонски ако не можеш да наброиш 5 македонски романи и нивната кратка содржина. Џабе ти е петката географија ако се буниш кои се страните на светот (да, верувале или не, има возрасни луѓе кои не знаат на пример на која страна е Тетово и дека тоа е всушност западната страна на Македонија).

Еве ја вистината која никако да ја научиме: не мора да ти се сите петки во дневникот. Нема потреба сите да се запишуваат на факултет. Некои едноставно не ги бидува и нема ама баш ништо трагично во тоа. Потрагично е во земја на факултетлии и магистри да владее толкава неписменост и неукост. Дипломите можете слободно да ги употребите како тоалетна хартија.

Некои едноставно пак не сакаат да одат на факултет. И тоа е нормално. Не е нормално родителите да те тераат со сила да се запишеш и да завршиш одреден факултет „зашто така мора, зашто сите се на факултет, зашто ти ли ќе останеш единствениот слепец без факултет“.

Конечно, еве која е најголемата фалинка во нашиот образовен систем која датира од времето кога јас бев ученичка, а се протегала и многу пред моето основно школување. Предмети, предмети, еден куп предмети. Половина од нив апсолутно не те интересираат, за другата четвртина си неталентиран, а она што сакаш да го научиш и ти го задржува вниманието – е таму баш немаш среќа, не ти се погодија наставниците.

Ама учиш со сила, бубаш податоци напамет, акумулираш знаење кое не се задржува подолго од една недела и испарува како низ облак. И твоите се приморани да учат, како што изјавија – повеќе и од тебе, во трката за подобри оценки и светиот грал – факултетската диплома (која добро знаеме колку вреди денес).

Што добро ни носи тоа што ги потрупуваме децата, односно родителите со еден куп задачи и училишни задолженија?

Не е возможно да те интересираат 12 различни области. Невозможно е да постигнеш одлични резултати по секој предмет. Сурово е да го поминеш детството и тинејџерството во трауми и тресење пред испрашување и тестови, наместо да учиш со жед и мерак.

Зошто се потребни тие десетици предмети? Зошто нема неколку задолжителни и неколку изборни предмети? Зошто децата не ни се специјализираат за она кое навистина ги интересира? Што им е гајле колку грла овци имало во Австралија според статистиччките податоци од 2006 година?

Тоа дете можеби е талентирано за физика, па нека учи физика со полн капацитет. Некое друго ќе решава математички задачи, трето ќе биде талентирано за музика, четврто за спорт.

Целиот современ свет ги специјализира децата за неколку одредени области за кои покажуваат афинититет, потенцијал и знаење.

Само ние по секоја цена се обидуваме да им всадиме податоци од 10 различни предмети, за да на крајот кутрите, не знаат апсолутно ништо.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg