Две сестри, два различни света, но една за друга срце даваа

Беа сосема различни и често си контрираа една на друга и се објаснуваа до истоштување.

dve sestri dva razlichni sveta no edna za druga srce davaa 01

Едната не го разбираше темпераментот на другата, другата не го разбираше стилот на живот на првата и така до недоглед.

Но по секоја кавга како да се сакаа уште повеќе, како да се прегрнуваа уште поцврсто и како тивко со очите да си велеа „светот не ни може ништо затоа што заедно сме посилни“.

Тие двете беа два различни света.

Едната имаше дух кој не знаеше за препреки. Таа грабаше од животот како ова да е последниот ден и не се задоволуваше со ништо помалку од целосна реализација на секоја една од нејзините желби. Таа не се плашеше од угорнини, токму напротив, тие за неа беа предизвик.

Сакаше да се бори со титани за да ги докаже идеите во кои верува. Имаше див темперамент кои на моменти правеше да се смее најгласно, но и да плаче најсилно. Беше бура од емоции спакувана во убав пакет, кој на моменти дури знаеше да ги заплаши луѓето недоволно силни за да се носат со него.

Таа веруваше во себе и во луѓето кои ги сакаше, и колку и кон останатите да пристапуваше рамнодушно, за грстот луѓе кои се имаа закотвено во нејзиното срце ќе стореше апсолутно сѐ, по секоја цена, особено за сестра си.

А нејзината сестра? Таа беше една сосема поинаква приказна. Таа беше оној мелем за уши, мелем за душа, жена која никому не би кажала лош збор, дури и тогаш кога ја газат, би премолчела во име на учтивоста, мирот и доброто воспитување.

Таа секогаш ја имаше онаа блага насмевка на лицето и веруваше дека луѓето по автоматизам се добри. Не сакаше да граба со рацете, па нејзините желби често остануваа во втор план на сметка на туѓата среќа.

Но беше мудра и често со своите зборови знаеше да дари утеха и да увери дека „тоа што е наше порано или подоцна ќе пристигне на нашата адреса“. Беше мила и ретко кој можеше да одолее на оваа кревка душа и чисто срце.

dve-sestri-dva-razlichni-sveta-no-edna-za-druga-srce-davaa-002.jpg

И кога овие две дебатираа за тоа зошто работите се такви какви што се или како треба да се живее, никогаш не беа на иста страна.

Едната секогаш велеше дека самите ја кроиме својата судбина, а другата дека треба да дозволиме коцките сами да се наредат. Не се согласуваа речиси за ништо, но се сакаа најмногу на свет.

Една за друга срце би дале. Секогаш кога светот ќе им ја прикажеше својата малку посива страна, тие пронаоѓаа утеха во прегратките една кај друга. Никогаш не се оставаа на цедило и вложуваа енергија од петни жили кога едната тоне, другата да и ја покаже розовата страна на животот.

Сите искуства ги споделуваа една со друга и тоа им ја правеше тагата помала, а среќата поголема. Ниту солзи, ниту насмевки не се штедеа. Беа вистинските во своја кожа, без маски, без прикривања, без ограничувања.

Со комплетна доверба и безусловна љубов, овие две сестри беа два различни света, но едно исто срце.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg