Стрвен, алчен и ненаситен народ - престанете да се тепате за храна, има за сите

Некултурата на луѓето можете да ја видите на многу места. Во кино, во театар, во градски автобус, па дури и на улица, буквално насекаде.

Prestanete-da-se-odnesuvajte-kako-divjaci-ima-hrana-za-site-01.jpg

Ама како што невоспитувањето и личната некултура си го откриваат превезот на места каде што има шведска маса, никаде на друго место. И понапнатата верзија од шведската маса – „all inclusive“ хотелите.

Е таму ќе видиш толку многу одвратни нешта од кои ќе ти се згрози животот. Од јадење биди сигурен дека секако ќе ти се одмили.

Кој човек е способен да изеде 10 кременадли одеднаш? Физички е невозможно да стрпаш толку во стомакот, па биди колкав сакаш.

А покрај кременадлите имаш и: салата, супа, похованици, риба, зачинето со кисели краставички и кечап... па и малку шпагети да си каснеме ако не? Во ред е, касни си сè што сакаш, по нашата македонска логика „за тоа сум платил, нели“.

Спакувај си и за дома ако веќе не си стрпал 16 сендвичи и пола гајба праски. Како да не сме виделе храна во животот.

Што е тоа што нè прави толку грозни, стрвни, алчни и ненаситни (а не во стилот на Марјан Стојановски)?

Па дури и да речат – слушајте луѓе, утре е крајот на светот. Готово, сите умираме. Ти што ќе си речеш – охохо, дај да апнам едно 10 кременадли, не се умира гладен.

Во текот на целото времетраење на одморот само една, значи ЕДНА мајка му се обрати на детето со реченицата – земи само едно топче сладолед. Нема да снема, ако ти се јаде уште ќе си земеш пак. И пак ако треба.

Остатокот просто се однесуваа како дивјаци. Како да се охрабруваа и подбоцнуваа меѓу себе кој ќе успее да земе и да изеде што е можно повеќе.

Земај, грабај, буткај се за јадење, јади, гмечи! Толку ли сме гладни или просто окото ни е ненаситно или сакаме само да правиме штета?

Верувајте, жална беше глетката кога келнерите земаа чинии полни храна, нечепнати, недопрени и истата ја фрлаа. Дури и тие гледаа некако тажно и жално. Некој се мачел да ја подготви сета таа храна. Друг некаде нема ниту да касне. А ваму се фрлаат десетици килограми храна, само затоа што си решил дека ќе наполниш 5 чинии, па последно нека е.

Нема да нè биде никогаш. Еве ви кажувам, нема. Се трудиме да го замаскираме нашиот нарав со облеки, парфеми, технологии, чуда, ама во душата сме си такви, лапачи, алчковци, ситни души.

Возрасен маж земал се бутка помеѓу мали деца да си стави 2 топчиња сладолед во корнет. До тој ли сладолед е дојдено бре бате, мали дечиња се буткаат оти толку разбираат, толку им е паметот, ама твојот? Изгледа е помалечок и од нивниот.

Што е тоа што нè направило такви? Кој е поривот да земеш 10 слатки кога знаеш дека не можеш да изедеш повеќе од 2? Ќе ги складираш ли за зимница, каде мислиш дека ќе ги носиш или скриеш?

Еве се обидувам да сфатам и не можам. Вработените во хотелот крајно трпеливо појаснуваат – има храна, постојано доставаме нова, немојте да се грижите. Не бре, како да рекле – ова е последното, а утре ќе нема веќе ништо.

Термити не ни се рамни. На шведска маса е истиот муабет. Се меша солено и благо, кисело и горчливо, свежо и бајато. Нека се јаде, нека има. Ако не сега, кога?

Дај бре луѓе да се оправиме. Малку па малку, нормално е дека не може ова да исчезне одеднаш. Дај да почнеме да го совладуваме тој мегаломански порив. Не мора да се зема нешто по секоја цена само затоа што е бесплатно. Или само затоа што „ти следува, си го платил тоа“.

Не мора да се џапаме по работи како да ќе нема утре. Колку и да е силен тој внатрешен глас, стисни заби и затни му ја муцката. Избори се со внатрешите демони.

Биди човек, културен и пристоен. Земи една кременадла. И врати се по уште една и уште една. Само ако навистина ти е дојдено до тоа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg