Поучна приказна: Kако да се ослободиме од лошите навики?

pouchna-prikazna-kako-da-se-oslobodime-od-loshite-naviki-01.jpg

Еден богат човек му се пожалил на еден стар учител дека сака да го одвикне синот од лошите навики и побарал помош од него. Учителот прифатил и го земал детето на прошетка во градината.

Потоа застанал на едно место и побарал од момчето да откорне една мала билка, која израснала недалеку од местото каде што стоеле.

Момчето ја фатило билката со палецот и показалецот и ја откорнало од земјата. Потоа учителот му рекол да откорне малку поголема билка.

Момчето ја повлекло и ја откорнало и неа.

Потоа му кажал да откорне една грмушка.

Момчето морало да ја употреби сета своја сила и едвај ја откорнало грмушката.

Потоа, учителот му рекол да откорне едно дрво. Момчето го грабнало дрвото со двете раце, но стеблото воопшто не мрднало.

На крај се предало и рекло:

„Ова не е возможно.“

„Е така и со лошите навики. Кога се млади лесно е да ги откорнеме, но кога ќе се развијат тешко е да ги искорениме“, му кажал учителот.

Извор

Би можело да ве интересира:

Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg