Можете да сакате, без да ги држите другите со ланци околу себе

Можете да сакате некого и без таа личност да е околу вас. Може да ви недостига, но да не пратите порака. Може да сакате да ги завршевте нештата поинаку, без да направите грешка.

mozhete-da-sakate-bez-da-gi-drzhite-drugite-so-lanci-okolu-sebe-001.jpg

Тоа што некој ви недостига, не треба да значи и дека морате да се реобедините со таа личност. Не значи ни дека треба да и простите, ниту пак да ја отфрлате болката која ви ја предизвикале.

Може да боли игнорирањето на нивната порака, како и блокирањето на бројот. Но, некогаш морате да го направите и тоа, за да го зачувате здравиот разум. Затоа што, често, дури и најправилните чекори се чинат како погрешни.

Дозволете си да тагувате по загубената врска или прекинатото пријателство. Поставувајте си ги сите можни прашања што ги имате. Правете и листи „за“ и „против“, не спијте со ноќи - сето тоа е нормално и е дел од процесот на закрепнување.

Се прашувате дали донесовте вистинска одлука? Дали тоа навистина го сакавте? Тоа е знак дека сте го направиле вистинското нешто.

Потсетувајте се себе дека е во ред да си заминете кога не сте среќни и кога некој однос ви предизвикува повеќе стрес отколку задоволство. Тоа што сте заминале не значи дека не ја сакате таа личност. Напротив, тоа што сте заминале може да значи и дека сте ја сакале повеќе отколку што можете да замислите, но дека е подобро да се разделите додека се сакате, отколку кога ќе се мразите.

Некои нешта, едноставно, не можат да бидат решени, дури и по цена со месеци потоа да чувствувате како душата ви се распаѓа на парчиња.

Вие знаете да сакате дури и кога овие личности не се во вашиот свет, дури и кога не ги држите со ланци за себе. Вие знаете да сакате дури и кога тоа е отровно за вас. Но, вие знаете да сакате некого и да заминете, за заедничкото добро.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg