Ало жено опрај се, не ми е цел во животот да добијам титула најдомаќинка, цел ми е да сум среќна!

Не си родена за даскал да бидеш, ај олабави малку со советите, доста раскажуваш кој како треба да се дотера, што да јаде, со кого да спие. Гледај ти среќна да бидеш.

ako-zheno-opraj-se-ne-mi-e-cel-vo-zhivotot-da-dobijam-titula-najdomakjinka-cel-mi-e-da-sum-srekjna-01.jpg

Устата пена ќе ѝ фати, а таа не престанува со делење на совети. Најпаметна е, само таа знае како е правилно да се живее животот (да, трагикомедија смета дека има правилно и погрешно и дека тоа е нешто објективно и исто за секој човек), знае кој како треба да се дотера, што да јаде, со кого да спие.

Оф, главата ме фркна и по половина час со неа. Не е ни чудно што брат ѝ и најблиските нејзини сакаат времето минато со неа да им биде сведено на минимум.

Со неа нема општи разговори, смеење за банални работи, споделување искуства без осуда. Со неа треба да се гази по јајца да не случајно повредите некој од нејзините универзални принципи за живот и потоа да слушате лекции „како треба“ до истоштување.

Таа е од оние жени што сметаат дека секоја припадничка на понежниот пол минимум една половина од животот треба да мине во „рибање“ на тоалет, бришење прашина додека не му отпадне површинскиот слој на мебелот и правосмукање дури и ако на земјата има само едно единствено влакно од коса.

Ужас и хорор. За мене ова е ужас, но не одам да ѝ проповедам зошто го прави тоа. За разлика од мене што не ѝ судам, таа ме гледа од високото столче на жена „најдомаќинка“ и ми суди како деновите сум ги минувала во скитање и сум мислела само како да ми е убаво.

А што да мислам во животот? Како да си сервирам очај, сивило и депресија?

Ќе има такви монотони денови и нека дојдат кога ќе дојде време за тоа. Но, сега остави ме живот да си живеам.

Не ми суди затоа што единствено што ќе пресудиш е да ме гледаш еднаш месечно, а некогаш и помалку од тоа. Те молам посвети се на тоа да се потсетиш кога последен пат си се насмеала искрено од срце и до солзи.

Знам, одамна беше. И тоа е трагично, а не моментот што кујната не ми е исполирана со три вида средства и што во маало не одам фалејќи се дека колачи како моите нема на цел свет.

Дај посвети се и на сопругот. Триста муабети кружат за него кај е и со кого, а ти уште се заморуваш со мене како сум можела на работа да отидам ненафенирана и со косата собрана во опавче. Упс, смртен грев. Ќе ми падне круната.

Изгледа премногу добро сум си поминала вчера вечерта, па сабајлево сум немала време да си направам совршени бранови во косата. Во животот и тоа се случува. Знам, не знаеш.

Живот е. Не мора да биде совршен за да биде убав. Всушност, токму затоа што не е совршен е мој и уникатен и ми е најубав. Те молам почни мирно да спиеш, добро ми е вака.

И сама си свесна дека сум среќна, зошто тогаш побогу си го мачиш умот, трошиш времето, а мене ми ги масираш ушите?

Наместо тоа, поработи на тоа да ја запознаеш среќата.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg