Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ќе биде подобро... верувај ми!

Не може толку лоши работи на еден човек да му се случат наеднаш. Не може жив човек да поднесе на плеќите толку.

kje-bide-podobro-veruvaj-mi-01.jpg

И хаотично е. Безизлезно е.

Не знаете што со себе. Како се најдовте во оваа провалија.

Излез не гледате. Светлина ниту траг.

Крајниот резултат од секој пат што ќе го фатите, завршува со слепа улица.

Ништо освен сивило деновиве. Ништо освен свет без бои.

Денови еднолични полни тензија.

Не може толку лоши работи на еден човек да му се случат наеднаш. Не може жив човек да поднесе на плеќите толку.

Но, животот ве тестира затоа што знае дека вие можете.

И знајте дека кога ќе стигнете до точка на пукање и ќе помислите само да кренете раце од работите. Да се откажете. Да признаете пораз. Да вреснете јавно дека вака веќе не можете...

Тогаш ненадејно работите ќе се променат. Тогаш животот ќе ви покаже дека не е сè така црно.

Ќе ви покаже дека иако работите беа предолго црни, но тој чува убави работи за вас.

Прифаќајте ги работите како минливи и држете се до добрите работи.

Размислете дека колку и да не ви оди во моментов сигурно има добар човек што за вас душа би бил, сигурно има нешто на кое сте горди, сигурно има сон кој ви е на чекор од реализација.

Ако постојано мислиме што не чини, тогаш ќе има материјал дефинитивно.

Секогаш има завидливи ликови, трагедии, лажливи луѓе, притисоци, неуспеси, падови, отровни стрели и што уште не.

Затоа мислете што чини.

Мислете дека сте здрави, дека животот е пред вас, дека речиси за сè во животот има решение, мислете за убавите страни на вашиот карактер, на она по кое се истакнувате од другите и кое никој на светов не може да ви го одземе.

Звучи чудно, звучи како клише утеха, но навистина животот им сервира најмногу на тие што можат најмногу да поднесат.

И добро и лошо...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
И во Македонија има мажи домаќини, такви кои домот го претвораат во храм И во Македонија има мажи за медал. Онакви посветени на домот и семејството. Орга...
Отидов во скопска болница на закажан термин за преглед на дете, од пред 1 месец - Немаше доктор, оти... „Ортопедија? Имате закажан термин? Па, ние немаме доктор ортопед. Докторката оти...
За син ми, кој нема ниту една година, а ме научи што е безусловна љубов – Ти благодарам! За тоа што уште немаш ниту една година, а за време на својот живот направи да ги...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg