И во Македонија има мажи домаќини, такви кои домот го претвораат во храм

i-vo-makedonija-ima-mazhi-domakjini-takvi-koi-domot-go-pretvoraat-vo-hram-01.jpg

И во Македонија има мажи за медал. Онакви посветени на домот и семејството.

Организирани. Вредни. Способни.

И знаат да зготват најубаво. И со детето знаат да комуницираат на едно поинакво ниво.

Тие не прескокнуваат обврски, тие не дремат 12 часа на телефон, тие не наоѓаат оправданија, туку решенија за работите и обврските во домот.

Тие не сметаат дека домашните обврски се задолжение на жената.

Не глумат неспособни само за да избегаат од истите.

Тие знаат и да испазарат и да организираат домаќинство и гости да пречекаат.

На пазарче знаат на кои тезги има најсвеж зеленчук, а која тетка продава „најслатко“ овошје.

Одлично располагаат со домашниот буџет, знаат кога е време за штедење, а кога за ѓезме.

И татковството не го сметаат за обврска, туку за задоволство, но онакво задоволство кое само со себе носи и обврски.

Да се однесе детето на дополнителни часови, да се разговара со детето, да се работи на тоа детето да биде најдобрата верзија од себе.

Едноставно да се вложат и последните атоми сила за нивниот наследник/чка да израсне во добар човек.

Не да се кријат во удобноста на каучот, со изјавата мајката е главна и така со слатки комплименти да ѝ ги префрлат сите обврски на неа.

Да, да, оние мажи кои сами му закажуваат докторски преглед на детето и го носат таму и се грижат дали има нова соодветна зимска јакна за годинава и купено резервни капки за нос.

Мажи кои што се цврсти и на кои знаете дека можете да се потпрете во најтешкото.

Мажи кои ќе ви ја дадат потребната доза на смиреност во миговите кога вие паничите и не размислувате трезвено.

Мажи кои гасат пожари кога вам во душата ви гори.

Мажи за кои знаете дека и да ве нема на вашето дете нема влакно да му фали.

Ете, такви мажи!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Бев во болница во туристичко место во Македонија со синот - докторите ни се злато“ За жал, завршив на дежурство во туристичко место во Македонија поради интензивен...
Сања Савеска за CRNOBELO лексикон: „Во порака на Инстаграм ми пишаа: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’“ „Заљубена бев во еден фудбалер и навивав за секој клуб каде играше тој“, напиша ...
Девојко, внимавај за кого се мажиш - тоа е најголемата грешка што можеш да ја направиш во животот Не е важно колку е голема куќата или колку пари имаш на сметка - вистинската бор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg