„Боже, сакам да сум телевизор за моето семејство да се собира околу мене“


„Боже, сакам да сум телевизор за моето семејство да се собира околу мене“

bozhe-sakam-da-sum-televizor-za-moeto-semejstvo-da-se-sobira-okolu-mene-01.jpg

Учителка во основно училиште на своите ученици им дала задача да напишат состав за тоа што сакаат Бог да направи за нив.

На крајот од денот, додека ги оценувала составите, прочитала еден што многу ја погодил.

Нејзиниот сопруг ја видел расплакана и ја прашал што се случило.

bozhe-sakam-da-sum-televizor-za-moeto-semejstvo-da-se-sobira-okolu-mene-03.jpg

Таа му рекла: „Прочитај го ова, тоа е состав од еден од моите ученици.“

„Боже, вечерва те молам да направиш нешто многу посебно за мене. Направи да станам телевизор.

Сакам да го заземам неговото место и да живеам како телевизор во мојот дом. Сакам да имам посебно место и моето семејство да се собира околу мене.

Сакам да ме сфаќаат сериозно кога зборувам. Сакам да бидам центар на внимание и да ме слушаат без прекинување и прашања.

Сакам да бидам во друштво на тато кога ќе си дојде од работа, дури и кога е уморен. Сакам мојата мајка да ме сака дури и кога е вознемирена, наместо да ме игнорира.

Сакам моите браќа да се тепаат за кој да биде со мене. Сакам да почувствувам како моето семејство остава сè на страна, барем понекогаш, само за да мине време со мене.

И на крај, последно, но не и најмалку важно, сакам да ги направам среќни и да ги забавувам. Боже, не барам премногу. Само сакам да живеам како телевизор“.

Во тој миг мажот ѝ рекол на жената: „Ах, сирото дете. Колку ужасни родители има“.

Жената го погледнала тажно и му рекла: „Овој состав го напишала нашата ќерка“.

bozhe-sakam-da-sum-televizor-za-moeto-semejstvo-da-se-sobira-okolu-mene-02.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

Мамо, знам дека кинеше дел од својата душа, само за јас да бидам среќе... Ако не беше таа јас немаше да знам како изгледа среќно детство, немаше да ги зна...
Тато, како да го преживеам сето ова без тебе - без твоите крилја за да... Колку треба за да се преживее во овој свет кој е премногу глув за да нè слу...
Патишта крпени, ќе тргнеш на пат – ќе завршиш во ендек: Имаш ли сила д... Имаш ли сила да се бориш со ветерници? Ти остана ли малку верба дека работите не...