Добро е да се заработуваат многу пари, но чувајте си го здравјето за да не ги дадете сите на лекови

Со недели одвај успеваме да се договориме со друштвото да излеземе некаде. Сите се презафатени со обврски, постојано во некои „гужви и фрки“.

Dobro-e-da-se-zarabotuvaat-mnogu-pari-01.jpg

Кога конечно успеваме горе-долу да се договориме за најобично кафе, некој постојано недостасува. Причината е тоа што повеќето од нас сме опседнати со идејата да работиме и да заработиме што е можно повеќе.

За оваа намена сме подготвени да жртвуваме речиси сè: слободното време, дружбата со роднините и пријателите, па дури и љубовта. Сè во име на кариерата и за повеќе пари, ние сме во состојба и да се изолираме од светот доколку тоа значи подебел паричник.

Бидејќи од мали ни всадуваа во главите колку парите се битни и неопходни и колку сме никој и ништо без нив. Практично сите совети од дома, сите емисии, реклами, списанија нè поттикнуваа да бидеме успешни, да го дадеме најдоброто од себе и да работиме, да заработуваме повеќе пари додека не се исцрпиме. Уште само неколку минутки пред компјутерот – и готово.

Тие неколку минутки се растегнуваат со часови и додека да трепнеш веќе осамнало, а ти треба да одиш на работа. Бидејќи денес си неуспешен ако не работиш или не си инволвиран во неколку работи истовремено.

Бидејќи те гледаат накриво доколку кажеш дека си посветил 2 или 3 часа на твоето омилени хоби. Каква будала, си можел да седнеш да сработиш нешто и да заработиш 500 денари плус.

Ти си дефиниција за мрзливост, за неуспех. Вложувај се секаде, максимално и несебично. Дојди дома папсан, одмори 15 минути, јади „од нога“ и повторно седни пред компјутерот да работиш.

Да не се лажеме, парите се потребни. Секој кој мисли поинаку живее очигледно во некоја бајка. Но, не и по цена на сопственото здравје.

Што ќе ви се парите доколку постојани сте изолирани и сами и не сте излегле никаде со месеци да се помешате помеѓу луѓе? Што ќе ви се парите кога немате со кого да си споделите? Што ќе ви се парите кога цената за нивната макотрпна заработувачка е вкочанета кичма, проблеми со вратот, константен замор, безживотност и нула енергија?

Што ќе ви се парите ако не уживате барем малку? Која е поентата на нивната заработувачка ако утре сите ги дадете по доктори, психијатри и на лекови?

Практично сè она што ве довело со низата здравствени проблеми кои ги преживувате е желбата да се заработат што е можно повеќе пари.

А не е дека истите ни се толку многу потребни. Едноставно човековото око е ненаситно. Ние сме суштества без дно, ретко знаеме за граница, секогаш бараме повеќе и повеќе. А можеме да живееме одлично и со многу помалку.

Смирени, одморени, среќни. Сосема едноставен, пристоен живот, без премногу драма. Ама за пустите пари сме во состојба да се коцкаме со здравјето.

Следниот пат кога ќе ве повикаат некаде, а имате желба и потреба да излезете, размислете дали тие дополнителни 500 денари ќе ви ја направат вистинската разлика во животот. Или тоа ќе го стори дружбата со саканите лица.

Има толку многу работи поважни од парите. А најважните, верувајте не се купуваат со нив.

Никој не вели дека не треба да работите. Само во меѓувреме не заборавајте да живеете.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Некогаш на учителките им носевме каранфили, денес ваучери за шопинг: Дали претеруваме за 8 Март? „Се сеќавам, кога бев во основноо, немаше натпревар кој ќе ѝ купи поубав или пос...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg