Им позајмуваш „пари за леб“, а тие одат на скап одмор – што не е нормално со луѓето на денешницата?

Се сеќавам додека бев помала, татко ми зеде пари на заем од еден постар колега на работа. Не се познаваа најдобро, но колегата самиот воочил дека на татко ми итно му се потребни пари и срдечно му ги позајми.

Im-pozajmuvas-pari-za-leb-tie-odat-na-skap-odmor-01.jpg

Без одреден датум на враќање и без камата. „Ќе ми ги вратиш кога ќе имаш. Не се брзај“.

И се сеќавам дека додека не ги собраа парите со мајка ми до последното денарче, моите родители практично не трошеа ништо, освен секако за основните потреби, односно за јадење.

Беше срамно да се троши, да се купува, особено додека си должен некому. Незамисливо беше да се земе нешто дури и на рати преку платата пред очите на колегата кому си му должен пари.

На прашањето на постариот колега зошто татко ми не купува ништо преку можностите за купување на рати преку работа, татко ми му одговорил дека едноставно не му е пријатно да купува нешто додека сме му должни нему. На што човекот секако, се изнасмеа. Тој беше исклучително добар човек и таквите луѓе ги има сè поретко. Но и таквите како татко ми станаа вистинска реткост.

Луѓе кои едноставно имаат совест, имаат образ и достоинство, луѓе кои не може да заспијат додека не го вратат и последниот позајмен денар.

Со многу ретки исклучоци, каде заминаа овие луѓе денес? Ти ѕвонат по 20 пати, ти пишуваат бесконечно многу пораки за да се видите. Ти досадуваат додека не ги измолзат парите кои дури и ти ги немаш за себе.

Причините за позајмување се секако оние на кои не можеш да кажеш НЕ како одговор: болест, пари за дете, за купување куќа или автомобил, за нешто многу итно, битно и крупно! Пари за леб!

Во ред, се пребројуваш и сметаш дека се луѓе со чест и усул. Дека ќе ти ги вратат во најскоро можно време, бидејќи и тебе парите не ти растат на дрво.

И утредента ги гледаш како се расфрлаат со нив. Парите кои си им ги дал да купат леб, бидејќи емоционално те уценуваат буквално со тие зборови, завршуваат во скапи ресторани, на скапа облека и летувања.

Ти си им дал пари да закрпат некоја дупка по дома, тие заминуваат на патување со авион, додека ти се мислиш дали автомобилот ќе ти издржи до Охрид.

Како капаче на сè, утредента ти се фалат колку прекрасно си поминале. Колку е убаво да се јаде тоа и тоа, да се отиде таму и таму… леле, па вие зошто отидовте само до Охрид?

„Хммм, па можеби затоа што сите пари ви ги позајмив на вас…“.

На ваквите наивни и искористени души како некој партал, не им доаѓа памет. Ти им позајмуваш пари за пелени, тие купуваат нов апарат за домаќинството еднаков на луксуз, нешто што и ти не го поседуваш дома, бидејќи нема потреба.

Згора на сè, уште ти се срамиш, да им кажеш в лице колку се безобразни и невоспитани и да си ги побараш сопствените пари назад. Незгодно ти е, па зошто да го расипуваме долгогодишното пријателство, па до тие пари ли е дојдено, ајде, уште овој пат…

Се прашувам само, до кога? До кога ќе има вакви „пријатели“ кои ќе ја изигруваат довербата за неколку илјади денари? Кои нема да се срамат од тоа што се некому должни, кои ќе си ја игнорираат совеста или пријателите кому должат нешто, или пак уште побесрамно ќе ги канат на сите прослави кои ги организираат со парите коишто не се нивни?

Покрај вакви пријатели, кому му требаат непријатели?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg