Најсилната жена што некогаш сум ја запознала...

Мајка ми - најсилната жена што сум ја запознала во мојот живот. Седеше на столот пред мене. Не изгледаше баш најдобро. Ме забележа дека ја гледам и благо ми се насмевна.

FotoJet_630x340.jpg

Како да сакаше да ми каже - „Не грижи се сè е во ред“. Ми ги прочита мислите. Си помислив - „Има ли подобар човек од неа?“. А, одговорот беше јасен. Се разбира дека не.

Не постојат зборови со кои можам да ја опишам. Таа е убава, но не како девојките кои ги гледаме на насловните страници. Мајка ми е убава заради искрата во нејзините очи кога зборува за работите што ги сака.

Убава е затоа што умее да ги насмее сите кога и самата е тажна. Мајка ми не е убава за нешто привремено и минливо како надворешниот изглед, таа е убава длабоко во нејзиното срце и душа. Таа е многу повеќе од убавото лице и тело кои еден ден ќе остарат.

Ја претставува убавината за која врвните поети пишуваат ширум светот. Самата по себе претставува магија. Мајка ми е многу посилна од нејзините коски. Храбра е и силна. Најдобар пријател ми е. Прво рамо за плачење и најголема поддршка.

Таа е причината поради која јас повеќе се смеам и помалку плачам. Мајка ми е многу повеќе од зборовиве со кои ќе ја опишам нејзината сила и убавина. Таа е сè што некогаш и кажале дека не може да биде. Мудра, моќна, независна.

Таа е заслужна за круната која ја носи на нејзината глава. Таа е жената која поминала безброј не наспани ноќи додека сум била болна. Мајка ми е онаа која скршеното го прави да изгледа убаво и силното непобедливо. Таа е онаа која цел универзум го носи на своите рамења. Работи за сите. И никогаш не се жали.

Мајка ми е подарок. Подарок кој ми е најдраг од сите подароци кои животот ми ги има дадено. Мајка ми е љубов на прв поглед. Ја сакам од кога за прв пат ги отворив очите и го земав првиот здив. Мајка ми е жената која засекогаш ќе остане херојот во моите сеќавања.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg