Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сега кога се ближи крајот на 2019-та – Ја преживеавте! И тоа е сосема доволно

Сега, кога се ближи крајот на 2019-та, не можете да ги избегнете онлајн објавите на вашите пријатели за нивните достигнувања за оваа година. Но, не можете да го споредувате вашиот успех со нивниот.

postignavte-dovolno-vo-2019-ta-godina-01.jpg

Не можете да се разочарате затоа што вашата листа на достигнувања е пократка или помалку импресивна. Не смеете да си дозволите да ја започнете 2020-та мислејќи дека залудно сте ги потрошиле изминативе неколку години.

Не е важно дали сте сингл, или во брак и имате деца. Не е важно дали имате ваш дом или живеете со вашите родители. Не е важно дали ја имате работата од соништата или сè уште не знаете која кариера е најдобра за вас.

Можеби не сте ги постигнале истите цели како вашите пријатели, но едно нешто ви е заедничко на сите – преживеавте.

Го преживеавте скршеното срце. Имало ноќи кога не сте биле сигурни дали ќе можете да продолжите со животот без некоја личност. Но, еве сте, сте издржале.

Имало моменти кога сте мислеле дека никогаш повторно нема да се почувствувате среќни, но повторно сте се смееле. Можеби дури сте нашле и нова љубов.

Ја преживеавте загубата. Луѓето кои сте ги сметале за најдобри пријатели исчезнале од вашиот живот. Некои членови од семејство за коишто сте мислеле дека засекогаш ќе бидат овде, ве напуштиле прерано. Иако ве боли што не се покрај вас, поголемиот дел од времето сте во ред. Се справувате со она што се случило.

Можеби вашето срце сè уште не заздравило. Можеби никогаш нема целосно да заздрави, но вие сте доволно силни да издржите.

Го преживеавте одбивањето. Не ве унапредиле, иако сте заслужиле. Не ве примиле на работа, иако многу сте сакале да работите на некое место.

Имало луѓе кои ве натерале да мислите дека не сте доволно добри. Луѓе кои ве натерале да се откажете од вашите соништа, но сте ги преживеале и тие критики. Сте ги преживеале несигурностите, иако можеби сè уште се справувате со нив.

Ги преживеавте вашите најлоши моменти. Сте ги преживеале сите непријатни разговори. Сте ги преживеале сите токсични врски. Сте ја надминале физичката и емоционалната болка. Сте ги преживеале најлошите работи што ви се случиле, а не си давате признание за силата што ви била потребна за тоа.

Можеби ви изгледа глупаво да велите дека вашето најголемо достигнување во 2019-та е тоа што преживеавте, но за ова треба многу храброст.

Размислете, преживеавте уште една деценија. Треба да бидете горди на себе за тоа. Тука сте, а тоа е најважно.

Не можете да ги смените претходните 10 години, но можете да одлучите какви ќе бидат наредните. Направете ги значајни.

Но дури и ако само успеете да преживеете, и тоа е во ред. И тоа е големо достигнување.

Извор

Би можело да ве интересира:

За сите мајки на синови.... ќе се прашувам дали те држев доволно долго Моментите со тебе ми летаат малечок. Без разлика колку и да се трудам да ги задр...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Васил Зафирчев за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека сум убав ко турски глумец - тоа ми е најсмешнио... „Прва симпатија ми беше Кате. И денес комуницираме“ - напиша актерот Васил Зафир...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
„Наставничката ме натера да си играм со дете што не го сакав, а сега ми е најдобар пријател“ „Пред десетина години со дечкото решивме да ги запознаеме нашите родители меѓу с...
„Долго време живеев сама, се будев сама, пиев кафе сама... Зошто е важно да знаеш да бидеш сама?“ „Долго време живеев сама и ја засакав својата самотија. Во неа најдов мир кој го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg