Жени, мајки, кралици – најдете време да одите на „лов“

„Одам на лов. Ова е слика од мене како „ловам“ вечерва. Не, нема пушки. Ниту животни.

zeni-majki-kralici-najdete-vreme-da-odite-na-lov-01.jpg

Но, ве уверувам дека сум на лов. Да објаснам подобро...

Кога го запознав сопругот пред 9 години, тој ми кажа дека е ловџија. И дека девојките со кој бил во минатото немале проблем со времето кое тој го поминувал на лов, да си знам однапред, да не се случи јас да бидам првата.

Му објаснив дека јас не готвам и никогаш не сакам да готвам. Но, тоа е сосема друга приказна...

Оттогаш, со Адам се венчавме, дипломиравме право и имаме три прекрасни деца.

Нема да лажам, ми пречеше отсуството на Адам за време на ловџиската сезона, особено откако станавме родители. Беше навистина тешко да си сам во сезона на лов на елени, патки и мисирки. Ни требаа речиси 3 години за да се прилагодиме.

Последните две години е подобро. Научивме да правиме компромис.

Она што навистина ни помогна е што и јас почнав да одам на „лов“. Не со Адам. И не навистина да ловам.

Но, за викенди, откако ќе си дојде дома, мене ми е редот да ловам.

Што кај нас тоа значи: одам во спалната соба и си читам книга во мир или гледам телевизија. Одам на вечера со другарките. Излегувам на прошетка со едно од нашите три деца.

Понекогаш, во текот на неделата сум преморена. Во тие денови кога ќе си дојдам дома, Адам е одговорен за вечерата. Најчесто јас ги мијам садовите, а се менуваме кој ќе ги заспива децата.

Но, имам комплетна поддршка да не правам ништо во домот, оние денови кога навистина имам потреба да одморам од сите. Само ќе кажам „одам во лов“, а Адам ќе се насмевне и ќе кимне со главата.

zeni-majki-kralici-najdete-vreme-da-odite-na-lov03.jpg

Вечерва, ќе уживам во топла бања, ќе читам книга и ќе си легнам порано. Без никакви дополнителни прашања. Тој знае дека ова ми е навистина потребно инаку не би го побарала истото.

Ќе ги измие чиниите. Ќе ги избања децата. Ќе им прочита приказни пред спиење.

Мислам дека мајките многу често се презафатени со грижа за децата и сопругот, домот, и никогаш немаат време за своите хобија или малку да бидат „сами со себе“.

Жени, мајки, кралици, најдете време да одите на „лов“.“

Извор

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg