Еден ден ќе изгубите некого што многу сте го сакале, но…

Една година пред неговата смрт, славниот писател Франц Кафка (3 јули 1883 – 3 јуни 1924) доживеал необично искуство.

eden-den-ke-izgubite-nekogo-sto-mnogu-ste-go-sakale-no-01.jpg

Додека поминувал низ паркот Штеглиц во Берлин каде редовно се шетал, тој ја запознал малечката Елса која била разочарана бидејќи ја изгубила нејзината омилена кукла Бриџит.

Девојчето плачело на сиот глас и било неутешно.

Кафка ја тешел со зборовите: „Не грижи се. Куклата не е изгубена. Јас ја видов дека оди некаде, разговарав со неа и таа рече дека ќе се врати.“

Се договориле да се најдат следниот ден на истото место за да видат дали куклата ќе биде таму. Со оглед на тоа дека не ја нашле, Кафка составил писмо од име на куклата и му го прочитал на девојчето.

„Те молам немој да тагуваш по мене. Отидов на пат околу светот. Ќе ти пишувам писма за моите авантури.“

Тоа бил почеток на долго дружење на девојчето и Франц Кафка. Тој на секоја нова средба и читал „извештај“ за патувањата на куклата. Ова биле навистина прекрасно опишани доживувања кои успешно го тешеле девојчето.

Со текот на времето, нивните средби се проретчувале. Кога се виделе за последен пат, Кафка ѝ подарил нова кукла. Таа била комплетно различна од онаа која ја загубило девојчето. Но, со себе носела писмо на чиј коверт пишувало „патувањата ме променија“.

Поминале години и години, девојчето станало жена. Дури тогаш го пронашла писмото скриено кај куклата.

Накратко, пораката била следна:

„Неминовно е дека нешто или некој кој многу го сакаш ќе го изгубиш во некој момент во животот...но, на крајот, љубовта ќе ти се врати во некој нов облик...“

Извадок од приказната „Кафка и патувачката кукла“, настаната според вистински настан

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg