Сега е твоето време - остави ги штиклите, облечи балетанки и престани да се смееш со сила

Со текот на времето сфаќаш декако некако се смири. Се стиша. Се промени. Другите можеби не забележуваат. Но, ти знаеш.

sega-e-tvoeto-vreme-ostavi-gi-stiklite-obleci-baletanki-i-prestani-da-se-smees-so-sila-001.jpg

Носиш балетанки многу почесто. Штиклите ги остави за посебни прилики, ретко за целодневно носење. Научи дека убаво и привлечно не секогаш значи кратко и тесно, скапо и брендирано.

Во последните години од море се враќаш многу помалку потемнета отколку порано. Не си дозволуваш да изгориш трудејќи се што повеќе да добиеш чоколаден тен. Носиш бикини без да размислуваш за целулитот. Па, сите го имаат. Не го вовлекуваш стомакот кога стануваш од лежалката. Што е – тука е. На кого не му се допаѓа – не мора да гледа.

Не се мачиш со диети. Не се прегладнуваш и не гладуваш. Не броиш калории. Знаеш што е здраво и добро за тебе. Конечно научи да го слушаш телото.

Си купуваш мекано ќебенце кое е само твое, за да се наметнеш додека читаш стуткана во фотелјата. Си го наоѓаш омилениот чај и правиш ритуал од неговото пиење. Не ги читаш до крај книгите кои не ти се допаѓаат. Не се мачиш да гледаш филмови само затоа што имаат добра оценка. Ги оставаш за некои други времиња или некоја друга ти.

Танга не носиш ни под разно. Има ли потреба да објаснуваш зошто?

На славите и свеченостите не те болат образите од лажно смеење. Немаш потреба да ги анимираш сите и не си веќе онаа која ја прекинува непријатната тишина.

Си се променила. Не значи дека си се предала. Само си научила што ти одговара.

Тоа значи дека се сакаш себеси доволно.

Доволно за да имаш храброст да направиш разлика – помеѓу она што мораш и она што ти годи. А, она што „мораш“ да го правиш е многу поретко.

Сега е твоето време...

Извор

Би можело да ве интересира:

Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Мартија Станојковиќ за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив - Еј, ова е супер“ „Најголемата беља во детството беше тоа што си ја објавив симпатијата на Фејсбук...
Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнат...
Скопска госпоѓо, со дрскиот тон и надмен однос знаеш кога ќе те услужат пак? Никогаш! Што си се умислила толку? Жена со моќи на божество? Најпаметната? Најубавата? Шт...
„Леле, нема да правиш давање збор, свадба, мекици – срамотааа“ - Ах, Македонијо, до кога? Зошто во Македонија по автоматизам судиме ако нешто не е како што сметаме дека „...
Девојко, внимавај за кого се мажиш - тоа е најголемата грешка што можеш да ја направиш во животот Не е важно колку е голема куќата или колку пари имаш на сметка - вистинската бор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg