На сите ни се смешни новите правила за свадбите, освен на идните невести

Во целиот овој хаос што секојдневно го преживуваме, сите некако заборавија на оние коишто имаа закажано свадби во овој период. Нормално, кому би му дошло до свадба среде пандемија?

Na-site-ni-se-smesni-novite-pravila-za-svadbi-01.jpg

Слушајќи ги сите коментари за идните свадби и препораки, признаваме дека малку ни е смешно. Седење на огромно растојание, дезинфекција на бидермаерот со алкохол, извлекување со бројчиња за оној што ќе успее да „го фати“. На сите ни е смешно, освен на луѓето што си се спремале за свадба.

И јас ова навистина го прифаќам и го почитувам. Ги сфаќам овие луѓе. Знам колку е тешко и мачно да се организира една свадба.

На некои луѓе кои не се свадбарски настроени ова им е несфатливо. И јас донекаде сум една од нив. Де бре, за една свадба ли сте? Да, некој е. Некому му значи многу. Јас и некој друг не сме исти. И тоа е сосема нормално.

Многу од свадбите се откажани или пак преместени за некој друг датум подоцна во текот на годината. Замислете, одвај сте нашле место во и онака преполните ресторани.

Па бендот што сакате да ви свири на свадбата. Па фотограф. Па фустан, па костум, па покани, па декорации, па китенки… да не зборувам за главоболката наречена на колку гости ќе ја повлечеме линијата и кој со кого ќе го седнеме на истата маса.

Свадбата е една сложена операција и одеднаш трудот ви пропаѓа во вода. Да ги искоментираме ли фактот што во Македонија ретко кој ти го враќа депозитот за сите овие работи кои ги споменавме претходно? Дури и да сакаш целосно да ја откажеш свадбата, назад нема да видиш ниту денар (со чест на исклучоци).

Да, не сме сите по свадбите. Но има и луѓе што вистински ги сакаат. Им значи. Им значи да излезат од семејниот дом, им значи одењето по невеста. Им значат обичаи и традиции.

Некој го планирал можеби овој ден многу одамна. За разлика од плачењето по матурските прослави, овие ги сфаќам и оправдувам малку повеќе. Бидејќи целата реализација чини многу повеќе, како финансиски, така и во однос на потрошеното време и нерви.

Љубовта е секако најважна од сè. Ако немате љубов, чуму ви е свадба? И да ја имате и најубавата и најраскошната прослава, не вреди без доволно љубов, искреност, разбирање, почит меѓу партнерите.

Ви останува само да имате трпение и секако да се сакате. Свадба ќе направите кога-тогаш. Ова секако не е тоа што сака да го слушне која било невеста, ама е реалноста.

Воедно, кој е лезетот на вакви типови на свадби, со толку многу ограничувања, препораки и мерки?

Искрено ви посакувам да го издржите периодот. И секој ден да си ја славите љубовта. Не е крајот на светот, нормално. Но, ви ја сфаќам нервозата.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg