Дајте ѝ на жената погрешни чевли… и таа повторно ќе го освои светот

Кој одлучи дека жената може да го освои светот само доколку носи соодветни чевли?

Dajte-i-na-zenata-pogresni-cevli-01.jpg

И што ќе се случи ако ѝ дадете на жената погрешни чевли? Можеби мислите дека таа нема воопшто да ги облече? Или пак дека ќе ги соблече на првата кривина, жалејќи се на нивната неудобност?

А кој утврди дека жената мора да носи високи потпетици? Можеби ќе носи балетанки. Или патики. Рамни чевли, а можеби и влечки. Мислите дека жената може да биде успешна само доколку е спасена и некој ѝ подари пар совршени стаклени чевлички? Не.

И со погрешните чевли таа ќе доминира. Ќе ги надмине пречките. Ќе освои. Ќе открие непознати простори. Ќе прости и ќе продолжи понатаму. И ниту за момент немојте да помислите дека таа ќе се откаже кога ќе ѝ стане тешко. Напротив. Кога е најтешко, таа ќе стане најсилна. Во најцрната темница, таа ќе заблеска.

Зарем мислите дека таа не може сама да се снајде, да си направи свој пат по којшто ќе чекори? Таа е креатор. Таа е некој што умее да создава. Од ништо да прави нешто. Во темнината жената ќе запали свеќа. Во калта, додека е на дното, ќе научи што значи да биде трпелива... а со погрешните чевли ќе патува сè додека тие траат, затоа што длабоко во себе знае дека тие ќе ја однесат на подобро место.

Ве предизвикувам – пронајдете жена и дајте ѝ погрешни чевли. И кажете ѝ дека нема да може долго да издржи во нив. Дека не е доволно добра, дека соништата се илузии, дека светот е застрашувачки, а неуспехот демне насекаде.

Кажете ѝ дека ќе мора да се омажи, бидејќи тешко ќе преживее самата. Дека ќе мора да има деца, да биде мајка, за да има кој да ја догледа на старост.

Дека мора да има добра работа. Во која и не мора баш да ужива, туку да заработува. Кажете ѝ дека на 50 години нема да може да носи повеќе кратки фустани и потпетици, бидејќи „не е повеќе млада и не ѝ доликува“. Исто така, кажете ѝ дека и треба маж – убав, паметен, стабилен, некој што ќе ја чува, за да не ѝ недостасува ништо во животот.

Слободно кажете ѝ да не лета во облаците, дека реалноста е сурова и таа не може да си дозволи да чека, да патува, да експериментира со себеси, да се пронајде, да открие точно што сака. И додадете дека не може да биде сè по нејзино, никој не сака да го види нејзиното вистинско јас, бидејќи околностите не го дозволуваат тоа.

И потоа гледајте ја како прави сè што таа ќе посака, и тоа со насмевка на лицето. Затоа што таа сака и затоа што ѝ се може. И затоа што ниту околностите, ниту вие, ниту нејзините погрешни чевли нема да ја запрат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg