Ќе се врати ли животот онаков каков што некогаш беше?

Признавам, не беше сјаен животот пред пандемијата. Проблеми, стресови, бесови. Сметки, кредити, недоразбирања со колегите, биро натрупано со предмети и работни задачи. Лоши шефови. Молиш Бога да дојде петок. А викендот летнува како сон. За миг.

Ke-se-vrati-li-zivotot-onakov-kakov-sto-bese-01.jpg

Да, животот не беше којзнае колку прекрасен. Но, очигледно сме ја потцениле слободата. Да може да излезеш кога сакаш. Да отидеш онаму каде што сакаш. Да направиш спонтани планови во „5 за 12“, да стигнеш некаде после работа, да испиеш 6 пијачки и уво да не те заболи.

Да се прибереш во 8 навечер или во 8 наутро дома, сеедно. Сме ја потцениле слободата. Да се мешаш во голема толпа за време на концертот на твојот омилен бенд.

Да одиш во кино додека слушаш стотици шушкања истовремено. Да го почувствуваш мирисот на театарот, оној специфичен, малку застоен мирис својствен само за ова волшебно место.

Да одиш на излет. Да тркнеш до некој друг град само за да вкусиш некое локално јадење. Или да испиеш пијалак со пријателот кој не си го видел одамна. Да отпатуваш во друга држава и да се изгубиш во сосема непознат град.

Да трчаш маратон со огромна група на луѓе. Да се поздравиш со сосема непознат човек кого го запознаваш за првпат.

А она што најмногу недостасува? Да ги гушнеш најблиските. Саканите. Своите. Со прегратка од која крцнуваат ковчињата. Со прегратка која трае доволно долго да ја излекува тагата или нервозата од лошиот ден.

Навистина, толку многу навидум обични нешта земени здраво за готово. Нешто толку просто, како обична прегратка со родителот, со сестрата или братот, со другарката или другарот. Бесценето.

Имало нешто што може повеќе да те израдува од нови чевли или облека. Прегратка.

Ќе се врати ли животот онаков каков што некогаш беше? Ми недостасува. Да, не беше можеби најсјаен. Но, слободата била навистина бесценета. Ми недостасува.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg