Денес и на родителите им дојде распуст – Браво за сите кои успешно се справија со предизвикот е-образование

Браво за наставниците кои не се откажаа од предизвикот и се грижеа за квалитетно образование и кога не знаеја дали платата ќе им остане иста, за учениците кои не се однесуваа како на распуст, родителите кои им беа како учители, па дури и за оние кои им го завршија училиштето на децата – денес, на 10-ти јуни, сите заслужуваат признание за успехот со новиот предизвик – онлајн школување.

denes-i-na-roditelite-im-dojde-raspust-bravo-za-site-koi-uspeshno-se-spravija-so-predizvikot-e-obrazovanie-01.jpg

Можеби досега на многумина не им значеше 10-ти јуни, освен на учениците, но мора да признаеме дека денес заслужуваат да им оддадеме признание на сите кои беа вклучени во процесот.

Онлајн едуцирање во нашата земја е нешто што за првпат се случи откако се затворија училиштата заради заштита од корона вирусот.

Како што наставниците првпат се соочија со многу нови работи и предизвици, така и учениците, но и родителите одиграа голема улога во последните неколку месеци.

Додека едни беа совесни и им помагаа на децата со предизвиците, на други им беше полесно да им напишат сами домашна задача на децата, додека тие си уживаат, па многумина денес знаат да се пошегуваат дека и на родителите им дојде распуст конечно.

Денес, кога школската година официјално заврши, заслужуваат да кажеме:

Браво за сите наставници кои и покрај скромните познавања успешно се справија со задавање задачи и предавање на далечина и во ниту еден момент не се откажаа.

Браво за сите наставници кои претходно инвестирале во своите компјутерски вештини и одлично се снајдоа со онлајн предавања и комуникација со ученици.

Браво и за оние наставници кои им помогнаа на постарите генерации колеги кои не толку лесно се справуваа со овој нов предизвик.

denes-i-na-roditelite-im-dojde-raspust-bravo-za-site-koi-uspeshno-se-spravija-so-predizvikot-e-obrazovanie-02.jpg

Браво за оние наставници кои и кога мислеа дека ќе им биде намалена платата и покрај зголемените обврски, не се откажаа од својата цел – да им обезбедат квалитетно образование на своите ученици по која било цена.

Браво за сите наставници кои не се пожалија што жртвуваа многу поголем дел од времето поминато дома отколку она кое порано го поминуваа во училиште, за да им се посветат на учениците, помагајќи им на секој можен начин да ги научат лекциите, да им го проверат знаењето и да им дадат трошка надеж дека сѐ ќе биде во ред, бидејќи тие се нивните втори родители.

denes-i-na-roditelite-im-dojde-raspust-bravo-za-site-koi-uspeshno-se-spravija-so-predizvikot-e-obrazovanie-03.jpg

Браво и за сите ученици кои од самиот почеток не го сфатија ова како распуст, туку се вложија максимално во своето образование и времето поминато дома го поминаа квалитетно.

Браво за сите ученици кои им помогнаа на своите соученици кои имаа помали познавања од компјутерски вештини и не ги оставија на цедило дури и на далечина.

Браво за сите ученици кои си ги завршуваа сите обврски навремено и упорно се бореа за одличен успех и покрај тоа што можеби родителите им ја загубиле работата, биле исплашени и владеело немир во домот.

denes-i-na-roditelite-im-dojde-raspust-bravo-za-site-koi-uspeshno-se-spravija-so-predizvikot-e-obrazovanie-04.jpg

Браво и за сите родители кои неуморно вложуваа време и труд да им помогнат на своите деца кои сега се соочија со еден нов предизвик, наместо да ги остават на цедило и сами да се снаоѓаат во овие тешки времиња.

Браво за сите родители кои и покрај стравот што ќе се случи со нивните животи, успеаја да направат децата да не почувствуваат страв и им се посветија максимално.

denes-i-na-roditelite-im-dojde-raspust-bravo-za-site-koi-uspeshno-se-spravija-so-predizvikot-e-obrazovanie-05.jpg

Браво за сите родители кои порано биле опседнати со својата работа, а сега научија дека мора повеќе време да поминат со своите деца и да им помогнат околу училишните обврски, па конечно сфатија колку голема улога имале претходно наставниците.

Браво за сите просветни работници, ученици и родители - успеавте да издржите тежок период и успешно се справивте со нов предизвик! 

denes-i-na-roditelite-im-dojde-raspust-bravo-za-site-koi-uspeshno-se-spravija-so-predizvikot-e-obrazovanie-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg