Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како се зафркнале мажите?

Вака некако изгледало кога Бог го создавал светот.

kako-se-zafrknale-mazite-001.jpg

Бог го создал магарето и рекол: Ти ќе се викаш магаре. Ќе ринташ по цел ден и ќе те викам глупав.

Ќе живееш 20 години.

Магарето одговорило:

- Ух, тоа не звучи како добар живот. Може ли да живеам 5 години?

И Бог се согласил. Потоа Бог го создал кучето.

Му рекол:

- Ти ќе се викаш куче, и ќе живееш како потчинето животно.

- Ќе се храниш со остатоците од масата и ќе ја чуваш куќата.

- Ќе живееш 35 години.

Кучето одговорило:

- Тоа нема да биде баш лесно, може ли јас да живеам, ете само 15 години?

И Бог се согласил.

Потоа Бог го создал папагалот.

- Ти ќе се викаш папагал.

- Ќе седиш во аголот на дневната соба, ќе повторуваш што ќе кажат луѓето и ќе го иритираш секого. Ќе живееш 75 години.

Папагалот одговорил:

- Звучи малку досадно, а како би било да живеам 50 години?

И Бог се согласил.

И тогаш Бог го создал мажот.

- Ти ќе бидеш човечко суштество, маж, и ќе живееш одличен живот.

- Ќе бидеш мудар и паметен, ќе владееш и ќе одлучуваш на овој свет. Ќе живееш 20 години.

Мажот одговорил:

- Тоа звучи како добар живот, па не ли може да живеам барем малку подолго?

(тука мажот за прв пат ја искористил својата интелигенција)

- Може ли да ги добијам оние 15 години што ги одби магарето, оние 20 што не ги сакаше кучето и оние 25 од кои се одрече папагалот?

И Бог се согласил.

Од тогаш мажот живее одличен живот додека не наполни 20 години.

Следните 15 години рмба по цел ден, се жени и го нарекуваат глупав.

Потоа добива деца, живее од остатоците на масата и ја чува куќата наредните 20 години.

Последните 25 години седи во аголот на дневната соба, повторува сè што ќе кажат другите и ги иритира останатите.

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Ване Маркоски за CRNOBELO лексикон: „Му ја вадев душата на дедо ми од правење бељи“ „'Какви ги има, ти си супер' е најсмешниот комплимент што некогаш сум го до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg