Кога ќе кажам дека маж ми ми е пратен од рајот, искрено го мислам тоа

Брачниот живот навистина нема потреба да се сведе на гледање на вести и политички дебати, живот според правила и шаблон, и задолжително легнување во 23 часот. Кој би рекол „да“ на такви депресија до крајот на животот?

koga-kje-kazham-deka-mazh-mi-mi-e-praten-od-rajot-iskreno-go-mislam-toa-01.jpg

Знам ретко кој го мисли ова, но јас го имав тој благослов да можам да кажам: „Боже, фала ти за овој маж!“

Едноставен човек кој е вечен оптимист, слично како и јас. Не сака непотребни драми и секогаш ја гледа позитивната страна на животот.

Лесно можеш да го заразиш со убава енергија, да му пренесеш позитивно лудило и животот во брак да ви биде подеднакво забавен и динамичен, како и во врска.

Секој ден си правиш да ти е убаво на душата, го цениш и почитуваш партнерот и му оддаваш признание за сè што сторил за тебе и за вас како заедница, зарем има нешто подобро?

Брачниот живот навистина нема потреба да се сведе на гледање на вести и политички дебати, живот според правила и шаблон, и задолжително легнување во 23 часот.

Кој рече дека ако се стапи во брак треба да се стави крај на лудите авантури, на неочекуваните изливи на љубов, на смеењето до солзи како деца, на пеењето глупави песни, на играњето чудни игри?

Зошто бракот се сфаќа како крај на забавата? Ако е така, зарем некој свесно би кажал „да“ на депресија до крајот на животот?

Важно е да не заборавиме да бидеме деца и да му се радуваме како деца на животот. Да не ја изгубиме чистината на душата, слободата на умот, големината на срцето. Важно е да го сакаме животот и партнерот со кого го делиме истиот.

koga-kje-kazham-deka-mazh-mi-mi-e-praten-od-rajot-iskreno-go-mislam-toa-02.jpg

Важно е да не се будиме со помисла како денес да си го загорчиме денот, туку како овој ден да го направиме незаборавен.

Што убаво за себе и својата душа ќе направиме денес? Како ќе си се почестиме што еве уште еден ден имаме чест и привилегија да бидеме на оваа планета и можност да се забавуваме како никогаш досега?

Како денес да ни биде среќен ден? Како да си измамиме насмевка себеси и на луѓето околу нас?

Зошто да штедиме на зборови и да не му кажеме на партнерот колку многу го сакаме и дека сме среќни што го имаме?

Еве јас одлучив денес да ми биде токму таков ден... Исто како и вчера, исто како и денот пред тоа.

Животот е убав, луѓе доста се мрачите себе и ги мрачите другите!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Да не е толкава мрза“ и уште 12 работи што Македонците би ги смениле кај партнерите Да бидеме искрени, никој не е идеален, ни ние, ни партнерот што е покрај нас. Со...
Каде се денес ѕвездите на М2 продукција: Што прават сега Сакине, Џеват, Александра Пилева, Игор и Са... Џеват, Александра Пилева, Сакине, Игор Узунов и Сања Лефкова се само дел од пеја...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Вашите деца не се виновни за вашиот лош ден, фрустрациите, за вашето скршено срце Важно е да научите да се борите против заморот, тагата, стравовите и нерешените ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg