За другарките што врска немаат од другарство...

za-drugarkite-shto-vrska-nemaat-od-drugarstvo-01.jpg

За другарките кои секогаш ви се јавуваат кога немаат партнер, кога се осамени, тажни, разочарани.

За другарките кои сакаат да ги ислушате, утешите, расположите кога не им е денот.

За другарките на кои сте им и рамо за плачење и потпора.

За другарките кои ги радувате кога чувствуваат дека светот им го свртел грбот.

И тоа со задоволство затоа што ги сакате искрено и од дното на срцето.

За нив поместувате планови, ги ставате како приоритет на листата и сте тука во секое време од денот на ноќта. Едноставно би поместиле планини..

za-drugarkite-shto-vrska-nemaat-od-drugarstvo-02.jpg

Но, штом животот ќе им се насмевне (за што сте бескрајно среќни) тие забораваат на вас.

Повеќе не креваат телефонска слушалка ниту да ве прашаат како сте.

Заборавија на заедничките кафиња, средби, дружби, денови и ноќи.

Пронајдоа партнер и сега тој е нивното сè.

Вие имате партнер години наназад, но тоа никогаш не било пречка да им се посветите на нив.

Тие сега немаат време, тој им е утро, пладне, мрак 24/7.

И пресреќни сте што се вљубени и исполнети, но зарем не им требаат пријатели во животот? Зарем на еден единствен човек среде свет преполн луѓе, приказни, искуства, настани им се сведе животот?

Сега им е претешко да пронајдат еден час да испијат кафе со вас.

Сега не ги интересира вашиот живот.

Сега немаат потреба од другарките, го имааат него.

Сега живеат во еден затворен свет.

Сега заборавија како секогаш бевте тука за нив кога им беше лошо.

Сега им е добро, па веќе со вас не споделуваат ништо, ни радости, ни тага, ништо.

И искрено не знам дали уште заслужуваат да бидат наречени другарки.

И ќе сфатат што изгубиле во првиот миг кога животот ќе ги растресе.

Без луѓе, без пријатели не се живее.

Посветено на сите другарки што врска немаат од другарство...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...
Ги избришав од животот луѓето кои немаат време за мене „Направив мал експеримент. Престанав да се јавувам. Престанав да ги посетувам. Ц...
„Ах, ми недостигаат времињата кога игравме штркот бара боја, грабни стапче и скокавме на јаже“  Некогаш на улиците имаше детска врева, игри, дружби, правевме торти од кал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg