„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландарски

„Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној што ви е рамен сметајте го за многу поголем од вас“. Драгоцени совети од епископот Мелентије хиландарски кои секој треба да ги прочита.

zivotni-lekcii-od-otec-melentij-hilandarski-soveti-koi-dolgo-ke-vi-odzvonuvaat-vo-glava-01.jpg

Мелентије Хиландарец бил епископ, хиландарски подвижник и српски богословски писател.

Во текот на својот живот се трудел да ја подобри духовната, просветната и материјалната состојба на своето свештенство. 

Настојувал материјално да го обезбеди свештенството, укинувајќи го незгодниот начин на собирање на свештеничките плати, но не успеал.

Меѓу свештениците и народот е запаметен како љубезен и правичен човек.

По кратко боледување, починал на 7 ноември 1921 година. Погребан бил на гробиштата на манастирот Хиландар.

Неговите мудри совети помагаат да се исцели душата, да се надминат неволјите и да се излезе од животните бури како подобар човек

Овие совети ги напишал во делото „Духовно злато“ посветено на сите оние кои сакаат да живеат духовен живот. 

Неговата желба била монасите и сите кои ја читаат оваа книга, не само да ја прелистуваат, туку многу внимателно да ја читаат.

zivotni-lekcii-od-otec-melentij-hilandarski-soveti-koi-dolgo-ke-vi-odzvonuvaat-vo-glava-02_copy_copy.jpg

Неговите совети секој треба да ги прочита:

1. Што и да правите, правете го со трпение и Бог ќе ви помогне во сѐ, без оглед што ви се случило.

2. Бидете внимателни, не се предавајте на тагата, не се обесхрабрувајте.

3. Бидете расположени во сѐ што правите според Божјата волја.

4. Не жалете и не тагувајте поради лошите мисли што ве напаѓаат, бидејќи Господ нема да ве заборави, особено ако машки ги отфрлите оние мисли што ве вознемируваат. Ова ќе ви послужи и во вашиот духовен напредок, во кој благодатта Божја ќе ви помогне.

5. Храброста и херојството се непоколебливост во вистината и одбивање на непријателските напади. Ако не отстапите, непријателите ќе се повлечат и повеќе нема да ви пречат.

zivotni-lekcii-od-otec-melentij-hilandarski-soveti-koi-dolgo-ke-vi-odzvonuvaat-vo-glava-02_copy.jpg

6. И дење и ноќе, спомнувајте си ги гревовите свои и оплакувајте ги.

7. Нека вашето лице секогаш изгледа тажно, за да живее во вас стравот Божји.

8. Немој да мислите дека ништо не вредите.

9. Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови.

10. Бидете понизни сите денови од вашиот живот.

zivotni-lekcii-od-otec-melentij-hilandarski-soveti-koi-dolgo-ke-vi-odzvonuvaat-vo-glava-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава