„Не ја сфаќам опседнатоста на фановите со Силви во ‘Emily in Paris’“: Која е харизматичната Филипин Лерој Болие?
Татко ѝ е познатиот актер Филип Лерој, а мајка ѝ била модел, Франсоа Лоран

Иако детството го поминала во Италија, на 16 години се вратила во Париз за да студира глума, и покрај противењето на татко ѝ

Првата улога ја добила на 20 години во комедијата Surprise Party, а две години подоцна, била номинирана за престижната награда Цезар, за надежна млада актерка, за улогата во филмот Trois hommes et un couffin
Истиот филм добил и номинација за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Иако има одиграно над 50 улоги, ниедна не е толку препознатлива како онаа на Силви, сопственичката на ПР и маркетинг агенција во Emily in Paris
„Поминаа 4 години од премиерата на серијата, а јас и понатаму не ја сфаќам опседнатоста на фановите со ликот на Силви“, кажа актерката неодамна, додека беше на американска промоција на серијата со дел од екипата.

Филипин успешно ги балансира кариерата и приватниот живот
Таа има две деца, ќерката Тана и синот Луи, но ги држи подалеку од јавноста и многу ретко споделува семејни фотографии на своите социјални мрежи.

Актерката обожава тенис, а омилен тенисер ѝ е Новак Ѓоковиќ, па поддршката кон него често ја покажува и на Инстаграм, каде што објавува негови фотографии

Во приватниот живот се облекува слично како Силви и вели дека модата отсекогаш ѝ била голема љубов

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер...
Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното)
„Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М...
Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?
Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...