Носат пелени за време на летови и уште 7 забавни факти за астронаутите

Водата на Меѓународната вселенска станица се рециклира неколкупати

На Меѓународната вселенска станица се рециклира секоја капка вода, вклучувајќи ја и урината на астронаутите.

Се рециклира и водата што се кондензира од дишењето и потта на астронаутите бидејќи не е лесно, ниту евтино, постојано да им носат нова вода на станицата.

nosat-peleni-za-vreme-na-letovi-i-ushte-7-zabavi-fakti-za-astronautite-06.JPG

Скафандрите тежат над 80 килограми

Постојат разни скафандри, но главно, со целата опрема на нив, вклучително и системите за одржување во живот, тежат најмалку 80 килограми.

Секако, во микрогравитација ова не е проблем бидејќи нивната маса е многу, многу помала.

nosat-peleni-za-vreme-na-letovi-i-ushte-7-zabavi-fakti-za-astronautite-7.JPG

Времето забавува за астронаутите на Меѓународната вселенска станица

Ова е објаснето со Специјалната теорија на релативност на Ајнштајн.

Со станицата, астронаутите се движат со брзина од 28.000 километри на час.

Поради ова, тие се соочуваат со таканаречена дилатација на време, односно за нив времето тече побавно и може да се каже дека стареат побавно додека се на станицата.

Но, ова е занемарливо – на пример, со 12 поминати месеци на станицата, еден астронаут би се подмладил за 0.01 секунда.

nosat-peleni-za-vreme-na-letovi-i-ushte-7-zabavi-fakti-za-astronautite-08.JPG

На станицата, астронаутите гледаат по 16 изгрејсонца и зајдисонца во 24 часа

Меѓународната вселенска станица прави целосна ротација околу Земјата за околу 90 минути.

Ова значи дека во 24 часа, астронаутите ја обиколуваат земјата 16 пати, па сведочат на 16 изгрејсонца и 16 зајдисонца.

nosat-peleni-za-vreme-na-letovi-i-ushte-7-zabavi-fakti-za-astronautite-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...

Најчитани неделава