8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност
„Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и споделете некој конкретен спомен)“.

Навистина е тешко да пронајдете зборови кога некој ќе изгуби блиска личност.
Многу од нас не знаат како да изразат сочувство.
Во тие мигови не треба да користите фрази од типот: „Времето лекува сè“ затоа што ова е клише и навистина не е така.
Фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност
„Не можам да замислам колку ти е тешко. Ти ја испраќам сета сила и љубов“.
„Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и споделете некој конкретен спомен)“.
„Дали ти е потребна некаква помош? Сакаш ли утре да поминам кај тебе?“

„Засекогаш ќе го/ја чувам во срцето“.
„Нема да заборавам колку заразна насмевка имаше/каква страст за животот имаше (или некоја карактеристика која ја имала таа личност)“.
„Дали сакаш само да те ислушам? Олесни си на срцето...“

„Дали е во ред да те гушнам сега?“
„Сочувство и знај – тука сум за тебе“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
