Го обвини за силување, па се премисли: Факти за бракот (и скапиот развод) на Доналд и Ивана Трамп

Се разведоа бидејќи Доналд имаше афера, а по бурниот развод кој траеше две години, го подобрија односот и останаа мошне блиски, сè до смртта на Ивана во 2022-ра.

go-obvini-za-siluvanje-pa-se-premisli-fakti-za-brakot-i-skapiot-razvod-na-donald-i-ivana-tramp01.jpg

Доналд Трамп се женел трипати, а неговата првата сопруга е Ивана Трамп.

Заедно беа 12 години, а и покрај бурниот развод, останаа блиски до нејзината смрт.

Неколку детали за нивната љубовна врска:

Се запознале во Њујорк, во ресторан

Кога го запознала Доналд, Ивана работела како инструкторка за скијање во Монтреал.

Но, нашла и работа како модел во Њујорк и додека била во ресторан со неколку колешки, го запознала Доналд.

Тој прв ѝ пришол, се погрижил да ја добие најдобрата маса во ресторанот и почнал да разговара со неа.

Ивана има изјавено дека Доналд бил мошне учтив, не пробувал да флертува со неа и го опиша како „вистински џентлмен“.

go-obvini-za-siluvanje-pa-se-premisli-fakti-za-brakot-i-skapiot-razvod-na-donald-i-ivana-tramp-11.jpg

Доналд инсистирал да ја однесе на состанок

Ивана не била заинтересирана за врска, но Доналд пробувал да ја освои.

Неколкупати ја однел на вечера, ѝ пратил 100 рози, а кога таа се вратила во Монтреал, ѝ се јавувал секој ден.

Еднаш дури и отишол во Канада со неговиот приватен авион само за да ја види.

Конечно, Ивана паднала на неговиот шарм и почнале врска.

go-obvini-za-siluvanje-pa-se-premisli-fakti-za-brakot-i-skapiot-razvod-na-donald-i-ivana-tramp-03.jpg

Се венчале речиси веднаш

Кратко откако ја почнале врската, Доналд ја однел на зимување во Аспен каде што наводно ѝ рекол:

„Ако не се венчаш со мене, ќе ти го уништам животот“.

Иако биле заедно само неколку месеци, Ивана се согласила.

Тие се венчале три месеци подоцна, а Ивана останала бремена на нивниот меден месец во Мексико.

Додека беа заедно, тие добија три деца – Доналд Џуниор, Иванка и Ерик.

go-obvini-za-siluvanje-pa-se-premisli-fakti-za-brakot-i-skapiot-razvod-na-donald-i-ivana-tramp-04_copy.jpg

Беа и бизнис партнери

Многумина велат дека Ивана има огромна заслуга за успехот на Доналд.

Иако тој потекнува од моќно и богато семејство, тоа што Ивана му била бизнис партнер додека беа во брак му помогнало многу.

Ивана имала удел во градењето на империјата со недвижнини на Доналд i била одговорно лице во изградбата и на неговата позната Trump Tower.

go-obvini-za-siluvanje-pa-se-premisli-fakti-za-brakot-i-skapiot-razvod-na-donald-i-ivana-tramp-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава