Сакал да се прејадува, одбивал анестезија за операција: Факти за Марлон Брандo, најчудниот холивудски актер

Направил обрежување на 60-годишна возраст

Не само што актерот изразил желба да направи обрежување на 60-годишна возраст, туку побарал од лекарот да не користи анестезија.

Имено, актерот бил убеден дека има способност да ја контролира болката со својот ум.

„Кога одлучив да направам обрежување, му реков на лекарот да не користи анестезија. Му кажав дека можам да ја елиминирам болката со моќта на мојот ум“.

На крај, лекарот сепак одбил да ја направи процедурата без анестезија.

sakal-da-se-prejaduva-odbival-anestezija-za-operacija-fakti-za-marlon-brand-najchudniot-holivudski-akter-06.JPG

Ја украл пепелта на негов пријател

Брандо бил близок пријател со колегата Воли Кокс.

Кога Воли починал, неговата вдовица го замолила Брандо да ја расфрла неговата пепел на некое место што ќе му значи.

Но, актерот ги однел останките дома и неретко си разговарал со нив.

„Тој ми беше како брат и не можам ни да ви опишам колку ми недостасува. Неговата пепел е кај мене и цело време зборувам со него“.

sakal-da-se-prejaduva-odbival-anestezija-za-operacija-fakti-za-marlon-brand-najchudniot-holivudski-akter-07.JPG

Двапати доби Оскар (и ги изгубил двете статуетки)

Актерот доби Оскари за улогите во On the Waterfront и The Godfather.

Првиот Оскар го прифати самиот, но подоцна го изгубил бидејќи заборавил каде го ставил.

За вториот Оскар тој не се појави на церемонијата, туку испрати млада Индијанка, која одржа политички говор во кој го критикува Холивуд за претставувањето на нејзиниот народ во филмовите.

Наводно, од Академијата му го пратиле Оскарот, но тој не се сеќавал каде ја ставил статуетката.

sakal-da-se-prejaduva-odbival-anestezija-za-operacija-fakti-za-marlon-brand-najchudniot-holivudski-akter-08.JPG

Сакал да го напојува својот дом со електрични јагули

На Брандо не му недостасувале луди идеи.

Во една пригода, актерот изразил желба да користи електрични јагули за струја во неговиот дом.

Приказната ја раскажа негов колега и близок пријател на погребот на актерот.

Имено, Брандо го повикал пријателот на гости и му кажал дека планира да улови 1000 електрични јагули кои ќе ги чува во базен и ќе ги користи за струја.

Тој дури и купил базен и фатил неколку јагули, но по некое време се откажал од идејата.

sakal-da-se-prejaduva-odbival-anestezija-za-operacija-fakti-za-marlon-brand-najchudniot-holivudski-akter-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Еден брак ѝ траеше 274 дена, бивши сопруг ѝ остави 18.000 рози на гробот - Бурниот љубовен живот на ... Една од најубавите жени на сите времиња, Мерилин Монро, имала бурен љубовен живо...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg